Ви недостасува идеја? Направете домашен пластилин со вашите деца
Што да се прави со децата додека трае изолацијата?
На многумина овие денови им се чини дека ги „истрошија“ сите идеи, а останувањето дома без одење на училиште, во градинка и прошетки во парковите ќе потрае некое време.
Сепак, без оглед на тоа, секогаш е можно да измислите нова игра и забава за најмладите.
Ние предлагаме да направите домашен пластелин за вашите деца и играта може да започне.
Според психолозите, играњето со пластелин има терапевтски ефект. На повеќето деца им помага при саморегулација, го намалува нивниот моторички немир и им помага во задржување на вниманието.
Идеи за игра
А, што кога ќе направите домашен пластелин?
Некои од предлозите се да направите форми со помош на калапчиња, или модли за колачи. Од тестото можете да направите мали животни, фигури, куќи, патишта и слично. Преку активностите со моделирање се изразува креативноста на детето. Овозможете му на вашето дете да ве води во играта. Во случај вашето дете да бара посимболичка игра, може да смислите некоја приказна за изработените куќички и фигури. Најважно е да се следи интересот на детето во играта со пластелинот, без разлика колку е едноставна или сложена, но и сите други кои се вклучени во играта треба да се забавуваат.
И сега еве ги состојките за подготовка на домашен пластелин:
- 2 шолји меко брашно
- 1 шолја сол
- прехранбени бои по желба
- 1 лажичка масло
- топла вода, по потреба (треба да се создаде мазно и меко, но не лепливо и трошливо тесто)
- додајте брашно или вода ако сметате дека има потреба.
По играта, затворете го тестото во тегла со капак и може да го користите домашниот пластелин барем една недела, ако го чувате правилно.
И тоа е тоа. Играјте и останете дома.
Можеби сакате да дознаете и како од обична тегла да направите декоративна вазна за цвеќе?