„Верувам дека можам да летам“
Себастијан Монтац Росет и неговата екипа се самопрогласени пионери во одење по лента поставена во височина во комбинација со качување по карпи и скокање од нив. За разлика од одењето по јаже, одењето по лента е многу потешко бидејќи таа секогаш се поставува полабаво и е поподложна на ветер и мала промена на тежината.
Падови се случуваат често, па токму затоа, оние кои го прават ова се поврзани со сајли директно на лентата, нешто слично како алпинистите. Сепак постојат и храбри момци кои не сакаат да ги почитуваат овие безбедносни правила, па истото го прават слободно, само со мало падобранче на нивниот грб.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.