Верно и неочекувано пријателство: Лисица и кутре не сакаат да се разделуваат

Верно и неочекувано пријателство: Лисица и кутре не сакаат да се разделуваат

Се сеќавате ли на Џунипер, слатката, фотогенична лисица која мислеше дека е кученце? Нејзиниот најдобар пријател е кутрето по име Мус кое исто така било спасено кога било малечко. Мус станал нејзиниот чувар уште од првиот момент кога Џунипер била донесена во домот. Тие заедно јадат, спијат, си играат и во никој случај не сакаат да се разделат.

Верно и неочекувано пријателство: Лисица и кутре не сакаат да се разделуваат

„Џунипер е заљубена во Мус и постојано се обидува да му го привлече вниманието. Ја донесов дома кога таа беше стара само 5 недели. Мус беше одгледан во друштво од најразлични животни, па во моментот кога таа дотрча до него, мрдајќи со опашката и плачејќи, тие веднаш се спријателија. Лисиците сакаат да седат на нештата што сметаат дека се нивни. Честопати кога ќе влезам во собата, ќе го видам Мус како лежи, додека Џунипер му седи на главата, смеејќи се “, вели Џесика, сопственичката на овие две преслатки животинчиња.

Погледнете го нивното слатко пријателство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар