Претходно
Велигденски еднорози за незаборавни празнични денови
Претворете ги велигденските јајца во слатки ендорози и изненадете ги најблиските
Потребни материјали:
- Бели пластични јајца
- Црн маркер
- Дебела хартија
- Декоративно лепило
- Светки
- Ножици
- Кутија
- Вештачки цвеќиња
- Пиштол за топло лепило
Начин на подготовка:
Направете мали конуси од дебелата хартија, па декорирајте ги со лепилото и светките. Потоа, со помош на пиштолот за топло лепило, залепете ги „роговите“ на врвот од јајцата. Со црн маркер внимателно нацртајте ги очите и трепките. За крај, наредете ги цвеќињата по ваш вкус и прицврстете ги со помош на лепилото.
Погледнете го целиот процес на изработка и преку следните фотографии…