Велигденски декорации: Како да ги бојадисате јајцата со природни бои?

Велигденски декорации: Како да ги бојадисате јајцата со природни бои?

Повеќето природни бои се користат така што избраните прехранбени производи од кои се добиваат боите треба да се варат заедно со јајцата и потоа да се остават сите заедно да се изладат. Колку подолго јајцата стојат во обоената течност, толку бојата ќе биде поинтензивна. Се разбира, боењето на јајцата е најлесно со куповните бои, но доколку сакате да пробате нешто креативно и автентично, послужете со прехранбените производи од сопствената кујна.

Велигденски декорации: Како да ги бојосате јајцата со природни бои

1. Кафеава боја. Доколку сакате јајцата да бидат со кафеава боја, тогаш во водата додадете јако турско кафе или инстант кафе, како и лушпи од орев и заедно сварете ги со јајцата. Исто така, кафеавата боја може да се добие и со црн чај.

2. Розова боја. Доколку сакате да ги обоите јајцата во розова боја, тогаш во водата додадете цвекло, сок од брусница или црвено грозје.

3. Зелена боја. Ако сакате јајцата да ги обоите во зелено, тогаш ставете листови од свеж спанаќ.

4. Сина боја. За сини јајца, додадете листови од виолетова зелка или сок од црно грозје.

5. Црвена боја. За црвено обоени јајца додадете лушпи од виолетов кромид или јајцата обојте ги со сок од шипка.

6. Портокалова боја. Лушпите од кромид или морков, сварени заедно со јајцата, чили прав или мелена црвена пиперка можат да ги обојат јајцата портокалови.

7. Жолта боја. Доколку сакате јајцата да ги обоите во жолто можете заедно со нив да сварите кора од лимон, портокал или врвовите од морков. Жолта боја можете да добиете и со мелен кумин или чај од камилица.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар