Претходно
Велигденска декорација што ќе ве воодушеви: Направете јајца од конец или волна
Правењето украсни јајца од конец или волна може да биде многу забавно.
Потребни материјали:
- неколку балони
- волна во разни бои
- течен лепак
- брашно
- сад за мешање
- штипки
- игла
Во садот за мешање ставете околу половина чаша брашно и една чаша течен лепак и промешајте.
Потопете го конецот во круг во смесата и надујте ги балоните. Земете го крајот на конецот од садот со лепак и завиткајте го балонот. Закачете ги балоните со штипки за сушење за да се исушат, а кога ќе се исушат, прободете ги со игла и извлечете ги.
Погледнете ја постапката на видеото:
Погледнете како да направите велигденски венец со зајачиња.