Велигденска боенка за дечиња
Велигденските празници не би биле комплетни доколку не ги празнуваме со членовите од нашето семејство. Живееме во време, кога сите сме премногу зафатени со обврски. Децата одат на училиште или на факултет, а родителите работат, но најголемиот христијански празник е одлична пригода сите да се соберат во топлиот дом и да придонесат околу велигденските гозби и вапсувањето на јајцата. Ако во вашето семејство трчка помало синче, братче, сестриче или внуче кое сака да биде дел од традиционалните обичаи, зошто да не му дадете соодветна улога? Нема дете кое не сака да бои во боенка, а со оваа ќе научи нешто повеќе за велигденските адети.
Кликнете на секоја од сликите за да ја видите во вистинската големина. Потоа отпечатете ги сите, грабнете боички во рака и израдувајте го најмладиот член од семејството со една поинаква велигденска забава.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Se toa fino so idejata no ste mozele da najdete posoodvetni sliki. Bas i ne se sekjavam deka Veligden ima nekakva vrska so zajacinja, Osven so Katolickiot veligden. Pred da objavite nesto razmislite so pravite so toa nesto i koi posledici mozat da gi imaat. Na ovoj nacin i Sv. Valentin vleze vo naseto sekojdnevie a ne mu e tamu mestoto. Nemam nisto protiv i edna Religija no mislam deka treba da si ja neguvame nasata, takva kakva sto e. Sepk Pravoslavniot Veligden se praznuva kaj nas i nema zosto da mu se davaat Katolicki obelezja.
HRISTOS VOSKRESE
kade gi naogate ovie sliki