Вечерајте со неверојатен поглед во ресторанот изграден во внатрешноста на оваа пештера!
Што е поромантично од вечера со свеќи покрај морето? Вечера со свеќи во пештерски ресторан изграден во карпите на италијанското крајморје. Хотел ресторанот Grotta Palazzese е сместен во внатрешноста на пештерите крај градот Полигнано а Маре во јужна Италија. Но, тука не само што вечерате во пештера, туку можете и да се восхитувате на прекрасните погледи на јадранското море и вертикалните карпи типични за ова подрачје.
Локацијата е населена уште од периодот на неолитот и некогаш била грчка колонија. Се претпоставува дека ресторанот функционирал и се користел уште од 1700-тите години кога локалното благородно население се собирало за формални пригоди. Погледнете колку неверојатно изгледа ова место.