Веб-сајтот „Pornhub“ собира 3,4 милиони долари за неверојатна цел
Веб-сајтот „Pornhub“ цели кон нови и оригинални содржини, па токму затоа и неговите уредници се обидуваат да соберат 3,4 милиони долари со цел да испратат две порно ѕвезди во вселената за да научат нешто повеќе за сончевиот систем и да истражуваат нови светови. Се шегуваме. Тие ќе одат во вселената за да имаат секс.
Нивната идеја е да соберат доволно пари со цел да можат да ја направат првата секс снимка во вселената. За да го постигнат тоа ќе им бидат потребни околу 2 милиони долари за место на комерцијален вселенски лет и 6-месечен тренинг кој ќе ги претвори актерите Ева Ловиа и Џони Син во привремени астронаути. Кој вели дека само вистинските астронаути можат да одат во вселената?
„Тренингот ќе биде ригорозен“, вели Ловиа. „Џони и јас мора да бидеме физички подготвени за полетување и слетување, како и добро запознаени со соодветните безбедносни мерки и информациите за научната и вселенската технологија… Тоа ќе биде екстензивно, долго и неверојатно искуство.“
Мисијата на овие порно ѕвезди, покрај снимањето на нивниот сексуален однос, ќе биде и да ги истражат аспектите на животот во вселената кои не можат да бидат набљудувани од страна на традиционални астронаути. Тие велат дека станува збор за уникатна мисија која ќе ѝ пркоси на гравитацијата, ќе влезе во историјата и ќе ги турне границите за секс-истражувањата. Доколку успеат да ги соберат потребните финансии, тие планираат филмот да се објави во 2016 година. Но, актерите се помалку загрижени за парите, а многу повеќе за самиот акт.
„Моето главно прашање е дали недостатокот на гравитација ќе влијае врз мојот оргазам“, вели Ловиа. „Ако тој предизвикува толку добро чувство на Земјата, можам само да замислам како ќе биде во вселената.“