Важно и за младоженците: Зошто невестите носат син детаљ на својата венчавка?
Нешто старо, нешто ново, нешто позајмено и нешто сино – е традиција до која и до ден денес на денот на венчавката се држат невестите. А, нешто сино има посебно значење кое е важно и за младоженците.
Нешто старо го симболизира минатото на невестата, нешто ново е заедничката иднина со избраникот на нејзиното срце (и обично е подарок од младоженецот или некој член од неговото семејство), додека според традицијата нешто позајмено зема од некој кој е во среќен брак со надеж дека на тој начин среќата од таа личност ќе се пренесе и на невестата. Од друга страна, невестите често на денот на венчавката позајмуваат накит или украс за коса од својата мајка, баба или пријателка од сентиментални и слични причини.
Нешто сино има посебно значење кое е важно и за младоженецот – синиот детаљ симболизира верност и вечна љубов.
Иако овие верувања датираат од далечното минато, сепак убаво е невестата во својот изглед да вклучи некој син детаљ, како што се сини подвезици или украсна лента на букетот.
Зад многу свадбени ритуали постојат скриени значења и објаснувања, па еве зошто невестата го фрла букетот на венчавката?