Важни лекции за животот од познат психолог: Луксуз не е да имате многу пари, туку да се будите со насмевка

Важни лекции за животот од познат психолог: Луксуз не е да имате многу пари, туку да се будите со насмевка

Откако ќе ја прочитате оваа порака, ќе го гледате животот со други очи.

Важни лекции за животот од познат психолог: Луксуз не е да имате многу пари, туку да се будите со насмевка

„Во животот, секој наметнува некои правила врз основа на кои наводно треба да живееме. Вистината е далеку од тоа, животот е онаков каков што ние самите ќе го осмислиме. Единствениот диригент во вашиот живот сте вие и никој друг“, ја започнува приказната психологот Мери Хејл.

Повеќето од нас ги усвојуваат овие правила, цврсто се придржуваат кон нив и на крајот жалат за работите што ги пропуштиле и во коишто не уживале, а можеле, само да биле малку похрабри.

За луксуз се смета сè она што е материјално, поради што целиот живот го поминуваме во потрага по пари, губејќи од предвид една голема вистина – најголемиот луксуз во животот не се скапиот стан и добриот автомобил, туку можноста да ги живееме нашите животи според сопствени правила и на начин кој ни одговара.

Луксузот не е ниту шминка, ниту ресторани, ниту високи потпетици. Вистинскиот луксуз е да живеете онака како што сакате. Во удобни чизми и боја на кармин што ви се допаѓа или воопшто без шминка. Да го јадете она што го сакате, да се дружите со некого со кого ви е убаво, да бидете заедно од љубов, а не поради чувство на должност.

„Научете да ги отфрлате непотребните работи, оние што се застарени и истрошени, но чувајте го она што го сакате. Петгодишната ќерка на мојот пријател целиот живот носи лажичка кога оди на гости. Таа може да си го дозволи луксузот да јаде со лажицата што ја сака. Нејзината мајка се срами од ова и се обидува секогаш да се оправда. И јас почнав на излети да носам свои садови затоа што не сакам да јадам од пластика. И не ми е грижа што мислат другите за тоа.“

Луксуз е кога ќе научиме да не се нервираме за работите што не можат да се променат. Поразот е дел од животот и треба да се прифати. Оној што ќе научи да го живее животот на тој начин, може да се каже дека живее во луксуз.

Во животот се случува сè, тој тече, се случуваат лоши работи, но и убави нешта и сите треба да бидат прифатени.

Покрај тоа, луксузот значи да имате избор да одлучите кога и каде ќе одите. Никој друг нема право да ги креира вашиот живот и вашите избори, освен вие.

Луксузен живот значи да живеете според свои правила, да одите кон вашите цели, да не барате изговори, да не заобиколувате и да не се правдате за вашите избори, за вашите соништа и за вашите интереси.

Прочитајте ги овие 7 лекции што ќе ве научат да живеете поубаво, да сакате повеќе и да се грижите помалку.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар