Вашите дланки откриваат: Колку деца ќе имате и дали ќе бидат здрави?
Линијата на детето е една од најконтроверзните кога станува збор за гледање на судбината од дланка. Причината е тоа што има мажи и жени кои немаат партнер и/или никогаш нема да имаат деца. Постојат и оние кои добиваат деца со помош на вештачко оплодување. Поради ова, точноста на она што ни го кажуваат дланките понекогаш е сомнителна.
Сепак, линијата на децата покажува колку деца би имале или едноставно колку ги сакате децата. Според древната техника за гледање на дланка, линијата на потомството се наоѓа под малиот прст, над линиите за бракот. Тие покажуваат колку деца ќе имате, но и нешто повеќе.
1. Линија на машки и женски деца
Бројот на линии го означува бројот на деца. Длабоките линии значат дека ќе имате машко, а кратките и бледи линии покажуваат дека ќе имате ќерка. Но, ако линиите се многу кратки, плитки или испрекинати, може да ве очекува спонтан абортус или губење на веќе роденото дете.
2. Остров на линијата на детето
Островот (крукче) на почетокот на линијата укажува на чувствително здравје на почетокот на животот на детето. Остров на крајот на линијата значи дека детето ќе биде немирно и непослушно.
3. Ѕвезда или црна точка
Ѕвездата или црната точка на линијата ги претставува веќе кажаните проблеми ако имате остров, па дури и смрт.
4. Линија на близнаци
Ако две линии се спојуваат како буквата „У“ наопаку, можно е да родите близнаци.
5. Голем број линии над линијата на бракот
Ова може да значи дека ќе имате големо семејство, но и дека станува збор за личност која сака деца.
Ако немате никакви линии, немојте да паничите. Често се појавуваат со текот на времето.
Знаевте ли дека обликот на вашата дланка ви ја открива судбината?