Вашиот омилен Дизни принц од детството кажува многу за вашиот избор на мажи денес
Принцот по кој сте копнееле кога сте имале само 5 години кажува многу за типот на мажи кои ве привлекуваат денес. Без разлика дали станува збор за богатство, сила, добар изглед или темперамент, вам сигурно ве привлекуваат истите мажи кои сте ги сакале и во далечната 1999 година…
Принцот на бел коњ
Вас ве привлекуваат мажи кои би направиле сè за вас. Вие сакате да бидете освоени. Вашиот идеален тип на маж е доброто момче кое растело во добра фамилија и кое отсекогаш имало солидна финансиска положба. Тој нема комплекси, но секогаш бира згодни девојки. Исто така на овој вид маж не му пречи доколку одвреме-навреме драматизирате. Тој сака да се грижи за вас и сака да ги поправи сите ваши проблеми.
Аладин
Вие сакате лошо момче од улиците, кој е оригинален хипстер и живее под кирија во апартман со одличен поглед кон светот. Тој многу лесно може да биде задоволен и може да го вози „магичниот килим“ со часови. Овој вид мажи сакаат често да го откриваат своето одлично граедено тело и се доволно самоуверени. Тие имаат добри морали, па дури и кога се двоумат, секогаш ја прават добрата работа. Многу често ги следи огромна среќа.
Принцот Филип
Вие не сте го сфатиле тоа тогаш, но отсекогаш сте сакале маж со мека страна, некој со кој ќе можете да живеете во хармонија и да одите на пикник во парк. Тој е мажествен, но истовремено не се плаши да ја покаже и својата поженствена страна. Тој исто така не се грижи за вашиот финансиски статус, туку едноставно сака да ви овозможи добар живот.
Принцот Ерик
Вие го сакате оној вид мажи кои се совршено средени, од глава до пети. Исто така ви се допаѓа и ако тој има брод (уште подобро и сопствен екипаж), бидејќи имате вкус за луксуз. Вие сакате маж со музичка страна и најчесто го барате додека шетате по брегот покрај море.
Ѕверот
Вие ги сакате нападните мажи со подолга коса. Едноставно уживате во тоа да ги разбесните, дури и ако одвреме-навреме ве плашат со нивното однесување. Оваа сила и темперамент се всушност оние работи кои ве „палат“. Тој е агресивен, наметлив и има силна група пријатели кои исто така малку се плашат од него. Но, истовремено тој има и поблага страна, која се појавува кога неговиот темперамент не е вжештен.
Џон Смит
Вие сакате момци кои никогаш нема да се смират. Тоа се оние кои треба засекогаш да ги бркате. Оние кои ќе ве остават без предупредување за да патуваат низ Азија. Оние кои едноставно никогаш не можат да бидат скротени и кои ќе мора постојано да ги следите. Овој вид мажи се и оние кои ќе го скршат вашето срце и кои без разлика на она што ќе го направите, нема да можете долго да ги задржите покрај себе.
Ли Шенг
Вие сакате етнички типови кои се оригинални. Овој вид мажи се тивки, бескрајно лојални и секогаш подготвени да ја бранат вашата чест. Тој има одлична репутација и неверојатно шармантни родители. Многу е тешко да го скршите неговиот надворешен оклоп, но откако ќе го направите тоа ќе сфатите дека внатре е мекичок. Тој сака моќни жени и ги поддржува феминистките.
Принцот Фердинанд
Вие сакате кралица, а не принц. Станува збор за маж на кој не му пречи идејата да живеете и спиете покрај други седум мажи. Има големи шанси тој да игра за другиот тим…
Херкул
Вие сакате силни мажи со жешко тело, одличен изглед и кои воопшто не се грижат за она што се случува горе. Тој сигурно има добро наследство и добро име, па токму затоа не можете да сметате на него дека долго време ќе остане да работи на едно место. Тој сака да биде главен, исто како што вие сакате да глумите дама во неволја.