Вашето лице открива што сакате во сексот
Вашите усни, веѓи, очи, па дури и подочниците откриваат какви сте во кревет и што сакате во сексот.
Ако сакате да знаете каков е некој во кревет, погледнете му го лицето. Кинезите тоа го практикуваат илјадници години и тврдат дека цртите на нашето лице зборуваат за нашата личност, но и за нашите желби во креветот. Познатиот сексолог Трејси Кокс малку подетално ги проучила древните кинески учења и еве што открила.
Веѓи
Мали и ретки: скоро непостоечки интерес за секс, но голем интерес за духовност.
Густи и дебели: многу сексуална личност отворена за нови експерименти, но можеби и за неверства.
Очи
Светли очи: вечно во потрага по нови предизвици, лесно е да го/ја задоволите сексуално, а љубовта малку им значи па затоа не се верни.
Темни очи: страсна личност која ужива во долг и значаен секс, динамит во кревет, обожава секс, но тешко се отвора.
Нос
Напрчен нос: личности кои сакаат романтичен секс и традиционални пози, не ги интересира експериментирање и може да бидат по малку досадни.
Прав или малку грбав нос: обожаваат секс, го сакаат во многу количини и сјајни се во кревет.
Подочници
Мали и тенки подочници: личности со огромен сексуален апетит, секогаш подготвени и отворени за сѐ.
Дебели и големи подочници: размислуваат многу за секс, имаат јако либидо и сакаат сѐ што е поврзано со сексот.
Уста
Голема уста: несебични љубовници кои сакаат да ја задоволат другата личност, многу потентни. Ако се во прашање и полни усни, сензуалноста е загарантирана.
Мала уста: креативни и иновативни љубовници, но брзо достигнуваат оргазам. Посветени се и верни.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.