Вашата сродна душа отсекогаш била покрај вас: Вашата најдобра пријателка – вашето најголемо богатство
Го знаете оној момент кога запознавате некого и одеднаш ќе се појави „она“ чувство? Не знаете како се случува, но веднаш потоа вие станувате најдобри пријателки. Ние ги одбираме луѓето во нашиот живот. Некои сè уште се околу нас, некои заминале, но најдобрата пријателка е онаа личност која е секогаш тука – во добро, во лошо, при среќа и тага… Поради овие причини таа е вашата сродна душа.
1. Вие понекогаш комуницирате без зборови. Толку сте блиски што понекогаш зборовите не се потребни. Доволно е само да си упатите еден поглед и да знаете што сакате да кажете без да го кажете тоа со зборови.
2. Вие несвесно носите исти модни комбинации кога сте заедно. Кога треба да се сретнете, двете доаѓате во блуза со пруги и фармерки. Како се случува тоа? Не знаете, но знаете дека се случува често. Вие несвесно започнувате да се облекувате како близначки.
3. Дури и кога не сте заедно, можете да почувствувате ако нешто не е во ред. Во оние денови кога се чувствувате тажно и осамено, вашата пријателка ќе дојде кај вас уште пред да ѝ го кажете проблемот.
4. Вие си ги довршувате започнатите реченици. Една од вас ќе започне да кажува некоја приказна, а другата ќе се вклучи и совршено ќе ја заврши. Вие сте на иста бранова должина и совршено знаете што таа ќе каже уште пред да започне да го кажува.
5. Вие имате листа со шеги кои никој освен вас не ги разбира. Никој не ја разбира вашата смисла за хумор и сите се чувствуваат изоставени кога вие две хистерично се смеете.
6. Вие можете да поминете денови, месеци и години разделени, а веднаш штом се видите сè да биде како порано. Времето не е важно за вас две. Вашето пријателство е силно и константно, без разлика колку време поминало.
7. Вие не можете да останете лути подолго време. Во ред, понекогаш може да дојде до некоја караница, но не можете да замислите никогаш повеќе да не зборувате. Се извинувате бидејќи знаете дека ќе биде голема загуба ако изгубите пријателка како неа. Таа го прави истото.
8. Таа е првата личност на која ѝ се јавувате кога имате важни новости. Без разлика дали таа вест е од големо значење за вас или пак е мала, секојдневна новост, таа е првата со која ја споделувате.
9. Таа ќе ви ја каже вистината дури и кога е болна. Добрата пријателка ќе ви каже „бела“ лага за да ве расположи. Најдобрата пријателка ќе ви ја каже „грдата“ вистина, бидејќи таа знае дека така е најдобро за вас. Таа нема да ви каже дека ѝ се допаѓа момчето со кое излегувате, кога во суштина не може да го поднесе. Таа знае дека вие го заслужувате најдоброто и секогаш ќе се погрижи да го добиете.