Вашата омилена фризура зборува многу за вас

Вашата омилена фризура зборува многу за вас

Некои жени повеќе сакаат виткана коса, други пак постојано ја носат кратка, додека трети би одбрале лежерна пунџа. Мислите дека тоа ништо не зборува за вас или пак дека сепак пости некакво значење? Во секој случај прочитајте го списокот со најчести женски фризури и нивното значење. Забавувајте се откривајќи дали вашата омилена фризура може да открие нешто за вашата личност.

Лежерна пунџа

1-vashata-omilena-frizura-zboruva-mnogu-za-vas-kafepauza.mk

Сакаат да бидат во центарот на вниманието. Сакаат да флертуваат. Не толерираат никаков вид ограничувања.

Плетенка

2-vashata-omilena-frizura-zboruva-mnogu-za-vas-kafepauza.mk

Иако оставаат впечаток на нежна и романтична личност, жените кои често носат плетенки, сакаат да доминираат, а понекогаш можат да бидат остри во комуникацијата.

Коњско опавче

3-vashata-omilena-frizura-zboruva-mnogu-za-vas-kafepauza.mk

Жените кои ја носат ова фризура се стабилни. Најчесто тие ја преземаат иницијативата во врската, сакаат брз и страстен секс.

Права коса

4-vashata-omilena-frizura-zboruva-mnogu-za-vas-kafepauza.mk

Иако природно ви е виткана, вие постојано ја фенирате и исправувате? Експертите велат дека станува збор за нежни и чувствителни личности, но сепак со многу енергичен и силен карактер. Тие знаат да сочувствуваат со другите луѓе.

Кратка коса

5-vashata-omilena-frizura-zboruva-mnogu-za-vas-kafepauza.mk

Креативност и суптилност се основните карактеристики за жените со кратка коса. Премногу се држат до тоа како изгледаат и што другите мислат за нив.

Виткана „дива“ коса

6-vashata-omilena-frizura-zboruva-mnogu-za-vas-kafepauza.mk

Експертите велат дека нив е тешко да ги смирите. Не толерираат воздржаност и наметнување на правила. Многу ретко нешто може да ги изненади. Станува збор за вистински хедонисти.

„Благо“ навиткана коса

7-vashata-omilena-frizura-zboruva-mnogu-za-vas-kafepauza.mk

Самодовербата им е главен адут. Организирана е и нема многу трпение. Горда е на својот изглед и верува дека убавината ги отвора сите врати.

Често менување на фризурата

8-vashata-omilena-frizura-zboruva-mnogu-za-vas-kafepauza.mk

Како по правило, жените кои ја менуваат својата фризура често се бунтовнички, не сакаат правила и имаат свој стил. Знаат што сакаат и не се откажуваат од својата цел. Често станува збор за сонувачи и тоа им ги попречува амбициите. Сепак се нежни и чувствителни, но одлично го кријат тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар