Ваква жива ограда досега не сте виделе
Оваа луксузна куќа е во сопственост на еден турски бизнисмен, а истата се наоѓа во Чешме, Измир. Прво нешто што ќе ви падне во очи на оваа куќа е нејзината ограда, која всушност претставува аквариум полн со риби. Направена е пред 8 години, кога сопственикот решил да ја смени обичната метална ограда со аквариум од 50 метри.Аквариумот изобилува со голем број риби од повеќе видови кои се фатени во Егејското море. Најтешка задача при градењето на оваа импресивна ограда, бил системот на поврзување на аквариумот со морето, за рибите постојано да имаат свежа морска вода. За ова задоволство турскиот бизнисмен одвоил 21.000 американски долари, а аквариумот е постојано надгледуван преку 17 безбедносни камери.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Vakva ograda imame vo Ohrid samo e kratka