Вака се сака и се почитува една жена: 12 прекрасни работи што Џорџ Клуни ги кажал за својата сопруга Амал
Иако со години важеше за бескрупулозен холивудски заводник, познатиот актер и режисер Џорџ Клуни успеа да го смири и скроти една дама – познатата адвокатка Амал Аламудин (денес Клуни). Откако беше објавен датумот на венчавката, веста одекна во целиот свет и никој не можеше да претпостави дека нивната врска толку брзо ќе биде крунисана со брак. И од тогаш, овој некогашен срцекршач, започна отворено да зборува за својата љубов спрема Амал, и неодамна откри дека му бил потребен дури половина час за да ја убеди да се омажи за него.
И навистина, нивната љубов се смета за посебна, бидејќи Џорџ без срам ја фали својата сопруга, секогаш ги истакнува нејзините квалитети и открива како таа секојдневно го исполнува. Во продолжение следуваат најубавите изјави што Џорџ Клуни ги кажал за својата сопруга.
1. За тоа како Амал се навикнува на рефлекторите
„Таа одлично се снаоѓа во тоа. Мислам дека тоа не е баш така едноставно како што изгледа.“
2. За неговото восхитување кон Амал
„Таа е личност со која уживам да ја поминувам секоја минута, и се гордеам да бидам покрај неа, да ги гледам прекрасните работи што таа ги прави.“
3. За фактот што светот ги смета за моќен пар
„Јас не сметам дека ние сме моќен пар, бидејќи не знам што значи тоа. За мене, моќен пар би можеле да бидат… Бил и Хилари. Мислам дека ние двајца сме само пар кој предизвикува големо интересирање кај луѓето низ светот. Не го доживувам тоа како моќ.“
4. За нивната веридба
„Многу брзо знаев дека сакам да го поминам остатокот од својот живот со Амал, но ние никогаш не разговараме за тоа. Никогаш не почнавме тема на разговор како: ‘Еј, можеби би можело да се венчаме’. Всушност, јас само се спуштив пред неа држејќи прстен во рака. И таа остана зачудена и само успеа да каже ‘Ох, мој Боже’. Тоа беше тотално неочекувано. Така после половина час конечно реков: ‘Слушај, јас имам 52 години и стојам на колена околу 28 минути, па морам да добијам одговор, или наскоро ќе ме заболат колковите’.“
5. За првиот состанок со Амал
„Знаев уште кога ја сретнав дека таа е извонредна. Се прашував дали воопшто имам шанса да излезам со неа. Прво бевме пријатели некое време, и за среќа таа рече да.“
6. За причината поради која се заљубил во Амал
„Таа е неверојатно човечко суштество. Многу е грижлива и искрено, таа е една од најпаметните личности кои некогаш сум ги запознал. Исто така, има одлична смисла за хумор. Постојат безброј причини зошто се заљубив во неа.“
7. За нејзиниот стил
„Таа е феноменална, затоа што отсекогаш, од денот кога ја сретнав, ја има оваа луда, ексцентрична, но и забавна смисла за мода. Некогаш се прашувам како таа успева да го одржува својот стил додека истовремено има 11 случаи на кои работи и предава на Колумбија. И покрај сè, таа и понатаму вели: ‘Сакам да го носам овој фустан’. Тоа е лудо, но во исто време и фасцинантно за гледање, затоа што Амал има навистина добар вкус.“
8. За времето кога се разделени
„Кога сме разделени ја користиме апликацијата FaceTime. Инаку, ние поминуваме доста време заедно и се обидуваме да немаме големи периоди на разделеност. Одлично се вклопуваме, па помеѓу мојата и нејзината работа, и сите останати обврски кои ги имаме, успеваме успешно да го организираме нашето заедничко време.“
9. За тоа како бракот го променил како личност
„ Јас сум многу посреќна личност во брак и ние имаме многу среќен живот. Уживаме во скоро исти работи, и јас навистина уживам во проектите на кои работи таа, пред сè, бидејќи имаат големо значење и важност.“
10. За предностите на пронаоѓањето на онаа вистинската
„Имам некого со кого можам да разговарам за што било, и некого за кого се грижам повеќе отколку што некогаш сум се грижел за кој било друг.“
11. За тоа како ги приспособуваат обврските
„Нашата едноставна обврска е да бидеме свесни за нашите распореди. Имаме договор дека не смееме да бидеме раздвоени повеќе од една недела. Тоа сега засега одлично функционира.“
12. За дискусиите
„Единствен начин на којшто решаваме што било е борење со рака. Тоа е мојата единствена шанса да ја победам, затоа што ако постои интелектуална борба, сигурно би изгубил. Таа е најпаметната личност во семејството.“