Претходно
Уживањето во расцветаните црешови дрвја во Јапонија
Кога розовите цветови на црешовите и другите дрвја ќе почнат да ја преплавуваат Јапонија во раната пролет, започнува Ханами, древен јапонски обичај на уживање во нивната убавина. Тогаш Јапонците се собираат во парковите засадени со цреши и прават забави под големите крошни.Оние кои сакаат да уживаат на најубавите места во парковите мораат уште од рано наутро да се појават под крошните кои личат на розово-бели облачиња, затоа што доцнењето може да значи дека нема да има каде да седнат. Штом најдат убаво место, можат да се распостелат и да започнат со целодневниот пикник кој може да продолжи до доцна во ноќта.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.