Уживање за сите сетила: Најубавите цитати од Момо Капор
Момо Капор е еден од најчитаните писатели од српската книжевност. Сликар, новинар и боем кој ни подари неколку од најубавите книжевни бисери. Неговиот стил е едноставен, но не ја исклучува снаодливоста, речитоста и филозофијата. Секоја негова приказна потсетува на онаа блиска и човечка приказна од соседството.
Јунаци во неговите дела често сме ние самите. Сметал дека кајмакот и инатот се единствениот српски бренд, а дека задачата на писателот е да ја зачува убавината. И после неговата смрт, продолжи да живее во неговите дела и во секоја наша прва љубов. Уживајте во некои од неговите најубави цитати.
„Човекот може да најде колку сака пријатели со кои ќе зборува, но малкумина со кои ќе може да молчи.“
„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа што не постои ништо за што копнееме.“
„На многумина би им се допаднал, ако не се обидуваш да им се допаднеш на сите.“
„Никогаш немаме доволно време за оние кои нè сакаат, туку само за оние кои ние ги сакаме.“
„Ѕвездите паѓаат и преку ден, само тоа многумина не се во состојба да го видат.“
„Сепак не сум поразен сè додека не признаам пораз, а јас сè уште не признавам.“
„Човек може да каже дека животот не му е неуспех, ако може да направи барем една единствена работа подобро од останатите.“
„Денес секој има мобилен телефон, но многумина немаат на кого да телефонираат. Никогаш не може сè да се погоди!“
„Љубов… Таа е како тешка болест и кога човекот ќе има среќа да ја преживее, засекогаш му остануваат белези кои го прободуваат во одредено време; при спомнување на некое име, во некое бледо предвечерие, со музиката која некогаш заедно ја слушавме, дури и при површен поглед на уличниот часовник под кој се состанувавме.“
„А што е тоа љубов? Кога гледаш во ѕвездите без никаква причина и кога ќе поделиш гума за џвакање и кога ќе подариш цвет и кога ќе ја отстапиш лулашката во паркот кога е твојот ред за лулање. Кога на оној кој го сакаш му даваш гриз и кога со него ја делиш гумата за бришење на половина и кога му даваш еден лиз. Кога ќе нацрташ срце и внатре во него ќе ги испишеш вашите две имиња. Ако тоа не е љубов, јас навистина не знам што е!“
„На човекот најчесто му се случува она од што најмногу се плаши, бидејќи тоа не постои никаде, освен во неговата глава. Тогаш излегува од неговата глава, се оформува, ја предизвикува судбината и доаѓа. И тоа е добро. Инаку целата работа би се претворила во рутина. А навиката, што е? Некој вид смрт.“
„Нели е уметноста всушност обид за одложување на смртта или начин да се добие невозвратената љубов? Поради што инаку би цртале, пишувале, гравирале, ако не да оставиме некоја трага во својот беден, краткотраен престој на оваа планета – една скромна трага помеѓу многуте други траги, кои се дополнуваат и говорат за постојаниот човеков обид да се надигра и да ја надживее менливоста и заборавот.“