Утринско трчање или вечерна прошетка: Кој период од денот е најдобар за вежбање?
Истражувањето во кое учествувале мажи со висок ризик од дијабетес тип 2 открило дека оние кои вежбале попладне го подобриле своето метаболичко здравје многу повеќе од оние кои ги правеле истите вежби порано во текот на денот.
Кога е најдоброто време за вежбање?
Но, поголемиот дел од ова истражување било насочено кон тоа кога јадете или легнувате да спиете. Дали и како распоредот за вежбање може да влијае на метаболичкото здравје било помалку јасно, а резултатите од минатите експерименти не секогаш се согласувале. Некои сугерираат дека утринските вежби, на пример, го зголемуваат согорувањето на мастите и губењето на килограмите.
Од друга страна, ова истражување открило дека мажите со дијабетес тип 2, кои попладне правеле неколкуминутни интензивни сесии, значително ја подобриле контролата на шеќерот во крвта по две недели. Ако ги правеле истите интензивни тренинзи наутро, нивото на шеќер во крвта ќе им се зголемело несоодветно.
Придобивките од попладневниот тренинг значително ги надминуваат ефектите од утринското вежбање.
Умереното попладневно вежбање може да има ефект врз храната што ја консумирате подоцна во вечерните часови и да го забрза метаболизмот.
По 12 недели, мажите кои вежбале попладне покажале значително подобра просечна чувствителност на инсулин за разлика од оние кои вежбале наутро, што резултирало со поголема способност за контрола на шеќерот во крвта.
Прочитајте како да го приспособите вежбањето според менструалниот циклус.