Усните зборуваат за вашиот карактер

Усните зборуваат за вашиот карактер

За личноста, покрај од бојата на очите, можете многу да прочитате и од устата. Научно е докажано дека големината и обликот на усните многу кажува за нечиј карактер.

Усните зборуваат за вашиот карактер

Полни усни

Тие се показател на страстен карактер кој ќе направи сè за да ја добие личноста која ѝ се допаѓа. Од партнерот очекува страст и одлучност. Исто така, ова е личност полна со самодоверба и храброст. Личностите кои имаат полни усни се духовите и знаат добро да се забавуваат.

Тенки усни

Тенки усни се одлика на практичните, но и несигурни личности. Тие често патат од комплекс на пониска вредност. Лицата со тенки усни се мирни и сталожени и многу се грижат за деталите. Иако делуваат срамежливо и сакаат да се држат настрана, кога се дел од значајни дискусии, секогаш излегуваат како победници. Исто така тие се благи, чувствителни и интуитивни личности.

Широки усни

Ако вие имате широка уста, тогаш веројатно сте перфекционист, дружељубив тип и имате многу пријатели со различни интереси. Луѓето со вакви усни се успешни, талентирани и сакаат да ги држат сите конци во своја рака.

Тркалезни усни

Овие лица имаат жив, бунтовен темперамент, шармантни се и склони кон жестоки љубовни авантури.

Срцевидни усни

Луѓето со усни кои потсетуваат на обликот на срце се заводливи и сензуални. Независни се и полни со самодоверба. Не се плашат да ја преземат судбината во свои раце и имаат изразена потреба за љубов и добрина.

Спуштени усни

Таинствени луѓе кои луѓето ги сметаат за интелигентни и духовити. Исто така се и пребирливи, па затоа нив тешко е човек да ги задоволи.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. nikoj Reply

    LELELELLELELLE

Остави коментар