Урнебесно смешни пораки оставени помеѓу цимери
Не е лесно да се дели домот со други луѓе, особено не со цимери кои секогаш прават лом и не се грижат за домаќинските работи. Колку и да сте блиски, секогаш ќе има некои работи кои ќе ви сметаат. Испровоцирани од таквите постапки, американските студенти го изразуваат револтот преку пресмешни, хистерични белешки, посветени на цимерот.

Драг Еван, моите родители доаѓаат денес. Ќе можеш ли, те молам, да носиш панталони цел ден? Фала – Рајан

Ако не ги измиеш твоите садови, тој ќе добие еден во главата. Бум!

Крис, доколку ме разбудиш пред 9, ќе те претепам. Не се зезам. Врати се назад на спиење или гледај ТВ, МНОГУ тивко. Со љубов, Мишел.

Жал ми е што морав да ја ставам мојата урина во фрижидерот. Ја затворив во пластична кеса, потоа во оваа кутија и на крај ја залепив убаво со селотејп.

Дибек

Ијан, ако те фатам како јадеш од овие вкусни житарки, ќе те убијам на спиење. – Ден

Драг цимеру, еден интересен факт: путерот е млечен производ, а млечните производи се расипуваат!! Освен доколку не планираш да не убиеш сите, те молам престани да го оставаш путерот надвор. Одговор на белешката: Драг цимеру, еден интересен факт: прочистениот путер од млечна маст, содржи конзерванси кои спречуваат да се расипе. И покрај тоа што уживав во твојата артистичка интерпретација на горенаведениот путер, морам да кажам дека луѓето од Скандинавија не би можеле да јадат путер уште во 12 век, доколку се расипуваше преку ноќ. Немаше потреба путерот на цртежот да изгледа толку тажно.

Доколку си го употребил последното парче хартија, фрли го ова и стави нова ролна.

Кога веќе виде дека оваа ролна е завршена, не пишувај порака. Едноставно замени ја ку*ко, е*аго. Го направи токму спротивното од она што си го напишал.

Исчисти го фрижидерот, те молам.

Ерик, имав секс во твојот кревет. Извини за тоа. Не ја користи твојата перница. – Мет

Ешли е онесвестена гола на подот во купатилото. Те молам проверувај ја повремено. Фала ти.

Садовите не се мијат сами.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.