Урнебесни Фотошоп грешки на светски позната фотографка: Можете ли да ги забележите?

Урнебесни Фотошоп грешки на светски позната фотографка: Можете ли да ги забележите?

Биле собрани сите состојки за да се направи најдобрата фотосесија. Легендарната фотографка Ени Лебовиц зад објективот, прекрасна позадина и 12 големи холивудски ѕвезди, меѓу кои Том Хенкс, Никол Кидман, Роберт Де Ниро, Опра Винфри и Рис Витерспун. Сигурно се прашувате што би можело да тргне наопаку? Станува збор за едно од најпрестижните списанија во светот и за неговата насловна страница.

Урнебесни Фотошоп грешки на светски позната фотографка: Можете ли да ги забележите?

Сепак, грешките се прилично очигледни! Иако Рис Витерспун изгледа одлично во прегратката на Опра Винфри, се чини дека нешто не е во ред. Можете да ја најдете грешката?

Урнебесни Фотошоп грешки на светски позната фотографка: Можете ли да ги забележите?

Изгледа дека Витерспун има вишок нога! Што се случило?! Да не била на аудиција за научно фантастичен филм? Со оглед на тоа што оваа тема стана многу актуелна на Интернет, Витерспун се пошегувала за оваа Фотошоп грешка на Твитер.

Урнебесни Фотошоп грешки на светски позната фотографка: Можете ли да ги забележите?

„Па… Изгледа сите знаат сега… Имам 3 нозе. Се надевам дека ќе ме прифатите таква каква што сум (и никогаш нема да се извинам поради тоа што ја гушкам Опра… Ако некогаш добиете таква шанса, топло ви препорачувам да ја искористите.“

Списанието „Венити Фер“ одби да ја прифати вината и се обиде да ја докаже својата невиност преку Твитер.

„Иако многу ни се допадна веста за третата нога на Рис Витерспун, за жал станува збор за наборот на нејзиниот фустан.“

Па, дали се работи за Фотошоп грешка или за последица од лошото осветлување и бојата на фустанот? Ќе ве оставиме да одлучите самите. Меѓутоа, беа најдени уште остатоци од лошиот Фотошоп на една фотографија од она што се случувало „зад сцената“.

Погледнете ја следнава фотографија. Сѐ изгледа нормално на прв поглед. Но, можете ли да забележите нешто невообичаено?

Урнебесни Фотошоп грешки на светски позната фотографка: Можете ли да ги забележите?

Ако погледнете повнимателно, ќе видите дека Опра има уште една рака која стигнала до половината на Рис Витерспун! Како ќе го објасните ова?

Урнебесни Фотошоп грешки на светски позната фотографка: Можете ли да ги забележите?

Исто како и Витерспун, Опра одговорила на ова со духовит твит.

„Ја прифаќам твојата трета нога, бидејќи знам дека и ти ја прифаќаш мојата трета рака.“

Иако овој инцидент го уништи угледот на „Венити Фер“, на крај сепак му донесе голем публицитет на списанието, бидејќи фотографиите станаа вирални на Интернет. Уште еднаш се докажа дека и лошата реклама е реклама!

Понекогаш Фотошопот не е виновен за уништените фотографии на славните. Погледнете ги следниве познати личности кои се експерти за „уништување“ туѓи фотографии.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар