Урнебесни детски изјави што ги засрамиле нивните родители во јавност
Да се биде дете е одлична работа, затоа што можете колку сакате да ги засрамувате вашите родители, без притоа да чувствувате грижа поради тоа. Во многу ситуации родителите не знаат како да реагираат, токму поради изјавите на нивните деца. Колку и да им било засрамувачко на овие родители во некои моменти, вам со сигурност ќе ве насмеат овие изјави.
„Петгодишниот син на мојата пријателка, во трговскиот центар покажа кон жена муслиманка која беше целосно покриена со облека (вклучувајќи го и лицето), па викна: ‘Мамо, нинџа!’“
„Додека одевме да гледаме како мојата ќерка игра фудбал, синот ме праша како се прават бебињата. Па, јас му кажав за спермата, јајце клетките и така натаму. Изгледаше дека тој размислува длабоко за она што го реков. Отидовме на фудбал и седнавме помеѓу другите родители и тој рече: ‘Тато, дали твојата сперма е сѐ уште во мене?’ Јас речиси ќе умрев!“
„Мојата ќерка еднаш праша едно црно момче зошто е направено од чоколадо. Бев многу засрамена. Тој мислеше дека тоа е смешно.“
„Кога бев бремена со најмалата ќерка, ние ѝ објаснивме на постарата дека мама има бебе во својот стомак и дека тато ѝ го ставил таму. Па, таа секогаш сака да биде баш како мама, па започна да им кажува на луѓето наоколу дека таа има бебе во нејзиниот стомак и дека татко ѝ го ставил таму… можете да замислите како изгледав!“
„Мојата тригодишна ќерка Маделин гласно извика во еден јавен тоалет: ‘Мамо, зошто имаш брада долу?’“
„Се состанував со едно момче кога мојот син беше можеби 7-8 години. Една ноќ требаше да го земам од аеродром и го понесов син ми со мене. Додека возевме накај дома, ние тројцата почнавме да ја играме играта ‘Крени ја раката ако некогаш…’, па 5 минути подоцна, мојот син извика: ‘Крени ја раката ако некогаш си го затнал тоалетот со голем измет како што направи мајка ми денес.’“
„Ќерка ми е опседната со деловите од човечкото тело. Особено со вагини и пениси и таа постојано ги прашува непознатите: ‘Дали имате пенис или вагина?’ Но, тоа не е најужасниот дел. Еден ден во црквата таа седеше во скутот на нејзиниот татко и една од постарите жени која седеше покрај нас, рече: ‘Ох, колку убаво седиш во скутот на твојот татко! Сигурно ти се допаѓа што тој е овде!’ (Таа го рече ова затоа што мојот сопруг работи многу, па ретко е во можност да дојде во црква со нас). На ова, мојата ќерка рече: ‘Јас не седам во неговиот скут, јас седам на неговиот пенис. Дали некогаш сакаш да седиш на пенисот на мојот татко?’“
„Мојот четиригодишен син почувствува потреба да ги предупреди ‘старите’ луѓе дека ќе умрат… Тој ѝ кажа на една жена во продавница: ‘Старите луѓе умираат… а вие не изгледате многу добро.’“
„Кога имав околу 3 години, татко ми ми рече дека пушењето е лошо и дека само идиотите пушат. Неколку дена подоцна, ние се разминавме со жена која пуши. Се присетив на она што ми го кажа татко ми, па со најсилен можен глас реков: ‘Тато, погледни во овој идиот кој пуши цигари!’“
„Кога бев бремена со второто дете, ние ѝ рековме на тогаш тригодишната ќерка, дека стомакот на мајка ѝ е толку голем затоа што внатре има бебе. Неколку дена подоцна, во ресторанот покрај нас помина дебела жена. Ќерка ми извика: ‘Погледни, мамо! Оваа жена има бебе во нејзиниот задник!’“
Продолжете на втората страница за преостанатите урнебесни детски изјави!