Урнебесни цитати од комичарот Азиз Ансари кои веднаш ќе ви го подобрат расположението
Азиз Ансари е еден од ретките стенд-ап комичари кој може да ги насмее луѓето и без да кажува навредливи и саркастични шеги. Неговиот талент е неоспорлив, а самата негова појава извлекува насмевка од сечие лице. Доколку денес се чувствувате како сите бродови да ви потонале, прочитајте ги следниве негови урнебесни цитати кои несомнено ќе ви го подобрат расположението…
„Ако сте маж, никогаш немојте да викате ’Извади го!’. Освен ако жената не ви ставила тарантула или скорпија на рамо, нема причина да викате ’Извади го!’“
„Оној што го измислил бракот бил многу изопачен. Тоа е исто како да кажете некому ’Те сакам толку многу што ќе ја вмешам владата за да не можеш да ме оставиш.’“
„Не смеете веќе да им се јавувате на луѓето. Ако се јавите некому, неговата реакција ќе биде ’Што е работата? Да не гори некаде? Тогаш не ми го губи времето. Прати ми порака.’“
„Не знаев дали сакам италијански или пилешки сендвич, па нарачав по една половина од двете. Успех за мене е ако го добијам тоа што го сакам.“
„Поздрав до сипаниците. Единствената болест која вели ’Знаеш што? Си ја завршивме работата еднаш и сега си одиме засекогаш.’“
„Никогаш не сум видел дух со свои очи, ама би било интересно да видам. Живеам во понова зграда, така што мислам дека духот би бил модерен. Би се разбудил и би го видел духот како лебди врз мене и ме прашува ’Кој ти е пасвордот за вифито?’“
„Опијанете се и остварете си ги вашите соништа.“
„Ги гледам моите врсници како се венчаат со луѓе кои ги познаваат година и пол. Дали е тоа доволно време за да дознаете дали сакате да го поминете животот со некоја личност? Јас сум имал џемпери година и пол и потоа сум се прашувал ’Што ли сум правел со овој џемпер?’“
„Ако сте биле во прегратките на саканата личност и сте гледале претстава која траела од 3 до 10 часа, тогаш сте го доживеале врвот на човечката среќа.“
„Феминисти сте ако одите на концерт на Џеј-Зи и Бијонсе и не си помислите: ’Хмм, мислам дека Бијонсе треба да земе 23% помалку пари од Џеј-Зи.’“
„Најтешкиот тел од возењето ролерки е моментот кога ќе им соопштите на родителите дека сте геј.“
„Поминувам толку многу време на Интернет што чувствувам како да сум прочитал милион страници од најлошата книга некогаш напишана која никогаш нема да престанам да ја читам.“
Доколку сѐ уште се чувствувате лошо, прочитајте ги овие урнебесно смешни цитати.