Урнебесен водич за културолошко мачење: Како да ги налутите луѓето од различни култури?
Сакате да дознаете како да ги налутите луѓето од различни земји? Тогаш, дефинитивно треба да го погледнете следниов корисен водич изработен од страна на уметникот Кел. Без разлика дали имате намера да ги вознемирите Французите, Германците, Мексиканците или Јапонците , неговите урнебесни стрипови ќе ви покажат како да го направите тоа. Не ви се допаѓаат Италијанците? Тогаш злоупотребете ги нивните сакани шпагети и уживајте во глетката на нивните расплакани лица. Сакате да знаете што ги нервира Американците? А што е со Канаѓаните? Погледнете ги следниве смешни и вистинити илустрации за да дознаете како да ги налутите луѓето од различни култури…
Американци: Дајте им нормална порција полна со здрава храна

Што е ова по ѓаволите?
Италијанци: Земете шпагети и скршете ги на половина пред да ги сварите

Мајко мила, немој!
Канаѓани: Претпоставете дека се од САД

Од која држава на САД си?
Јапонци: Влезете со чевли во нивниот дом

Што направи?!
Французи: Дајте им само сок со нивниот говедски бургињон

Ова не може да е вистина…
Вонземјани: Потсетете ги дека нивната планета е за никаде

Ова се прекрасните Маркиски Острови кои се наоѓаат во Тихиот Океан, во ред?
Мексиканци: Не им го давајте лутиот сос

Еј, те молам подај ми го лутиот сос!
Германци: Принудете ги да цртаат неправилни кругови

Ова е вистински ужас!
Индијци: Дозволете им да јадат само со левата рака
Перуанци: Принудете ги да изедат севиче од Чиле

О, не! Одвратно е!
Во продолжение погледнете ги авантурите на една мачка претставени преку смешни илустрации.