Уникатно збогување со едно 16-годишно куче преку серија топли фотографии

Уникатно збогување со едно 16-годишно куче преку серија топли фотографии

Автор: Маја Миноска

Сигурно не се сеќавате во целост како сте изгледале на вашиот прв училиштен ден, каква фризура имала вашата другарка од детството, а сигурно не би ни знаеле како изгледале вашите баба и дедо во нивната младост. И бидејќи не може да одговориме на прашањето каде заминува целото време, сè што ни преостанува е да погледнеме во албумот со фотографии кои успеале да замрзнат дел од некој момент овозможувајќи ни за миг да ѕирнеме во минатото. Фотографиите се нашите временски капсули кои ги оживуваат нашите сеќавањата, исполнувајќи ги нашите срца со радост и меланхолија, мало богатство со животни приказни.

1-unikatno-zboruvanje-so-edno-16-godishno-kuche-preku-serija-topli-fotografii-kafepauza.mk

Сакајќи да се збогува достојно со своето 16-годишно куче кое наскоро може да почине, фотографката Марија Шарп, одлучува со низа фотографии да го обележи нивниот заеднички живот. 23-годишната Шарп ја почнува својата приказна со стари заеднички фотографии, кога имала само 7 години. Откако пројавува интерес за фотографијата, нејзиното милениче Чаби (што значи дебелка) најчесто ѝ служи како модел. Но, кога Шарп дознава дека на Чаби не ѝ преостанува многу живот, ја замолува Сузан Прајс да им направи една последна заедничка фотосесија.

Иако Чаби умира набрзо по фотесесијата, среќни сме што може да ги видиме последните моменти од нејзиниот живот каде се милува со нејзината сопственичка.

„Ова е нашиот прв ден откако ја земавме, бев многу возбудена што ќе имам нешто свое за кое ќе можам да се грижам и да го сакам.“

2-unikatno-zboruvanje-so-edno-16-godishno-kuche-preku-serija-topli-fotografii-kafepauza.mk

„Ова е една од моите омилени фотографии. Сè уште ја држев како бебе сè до оној ден… иако никогаш не беше љубител на моето ‘гмечење’.“

3-unikatno-zboruvanje-so-edno-16-godishno-kuche-preku-serija-topli-fotografii-kafepauza.mk4-unikatno-zboruvanje-so-edno-16-godishno-kuche-preku-serija-topli-fotografii-kafepauza.mk

„Чудно е што таа ми лежи на нозете. Мислам дека ѝ бев повеќе од најдобра пријателка отколку што тогаш можев да разберам.“

5-unikatno-zboruvanje-so-edno-16-godishno-kuche-preku-serija-topli-fotografii-kafepauza.mk 6-unikatno-zboruvanje-so-edno-16-godishno-kuche-preku-serija-topli-fotografii-kafepauza.mk 7-unikatno-zboruvanje-so-edno-16-godishno-kuche-preku-serija-topli-fotografii-kafepauza.mk

„И тогаш почна да постојано да спие и да ја освојува бањата.“

8-unikatno-zboruvanje-so-edno-16-godishno-kuche-preku-serija-topli-fotografii-kafepauza.mk 9-unikatno-zboruvanje-so-edno-16-godishno-kuche-preku-serija-topli-fotografii-kafepauza.mk

„Таа доби љубов дури и од луѓе што не ја познаваа.“

10-unikatno-zboruvanje-so-edno-16-godishno-kuche-preku-serija-topli-fotografii-kafepauza.mk

„Кога немав друштво, се дружев со Чаби и правевме селфи уште кога таквите фотографии не беа нарекувани така.“

11-unikatno-zboruvanje-so-edno-16-godishno-kuche-preku-serija-topli-fotografii-kafepauza.mk

„Оваа фотографија победи на натпреварот Пет-селфи во ординацијата на мојот ветеринар. Беше интересно да се види нејзината убавина, официјално призната.“

12-unikatno-zboruvanje-so-edno-16-godishno-kuche-preku-serija-topli-fotografii-kafepauza.mk

„И тогаш Чаби ме испрати на колеџ.“

13-unikatno-zboruvanje-so-edno-16-godishno-kuche-preku-serija-topli-fotografii-kafepauza.mk

„Забележувавме како здравјето на Чаби се влошува во последните години. Најпрво се соочивме со катарактата.“

Maria Sharp

„Почна да го губи слухот, но најверојатно и сè останато.“

15-unikatno-zboruvanje-so-edno-16-godishno-kuche-preku-serija-topli-fotografii-kafepauza.mk

„Таа почна да го губи осетот во шепите и бевме приморани чергата да ѝ ја поставиме близу садовите за храна и вода. Потоа се појавија проблемите со спиењето.“

16-unikatno-zboruvanje-so-edno-16-godishno-kuche-preku-serija-topli-fotografii-kafepauza.mk

„Пред една недела, почна да повраќа и престана да јаде. И покрај тоа што ѝ беа препишани лекарства, не ѝ помогнаа.“

17-unikatno-zboruvanje-so-edno-16-godishno-kuche-preku-serija-topli-fotografii-kafepauza.mk

„Одлучив да направам приказ од слики со Чаби пред една недела. Ова беше кога знаев дека нејзиното време се наближува, но не е сè уште близу.“

18-unikatno-zboruvanje-so-edno-16-godishno-kuche-preku-serija-topli-fotografii-kafepauza.mk

„Нејзината крвна слика беше во ред и затоа се одлучивме за рендген каде ѝ беа откриени камења во жолчката.“

19-unikatno-zboruvanje-so-edno-16-godishno-kuche-preku-serija-topli-fotografii-kafepauza.mk

„Операцијата беше единствен начин да се реши проблемот, но знаевме дека е премногу слаба за операција.“

20-unikatno-zboruvanje-so-edno-16-godishno-kuche-preku-serija-topli-fotografii-kafepauza.mk

„Одлучивме да ја ‘ослободиме’ во понеделник. Ова го пишувам додека таа е уште жива, бидејќи знам дека кога ќе ме напушти не би можела да го напишам ова.“

21-unikatno-zboruvanje-so-edno-16-godishno-kuche-preku-serija-topli-fotografii-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар