Уникатната убавина на градот Закинтос

Уникатната убавина на градот Закинтос

Летувајте со Игуана Турс

iguana-logo

Погледнете ја понудата за Закинтос

Градот Закинтос се наоѓа на источната страна од истоимениот остров, свртен кон грчкото копно. Во него сѐ уште се чувствува духот од некогашната власт на Венеција, во начинот на кој се распоредени градбите, но и во културата на локалното население. Кога ќе го посетите Закинтос ќе почувствувате уникатен спој на медитеранската култура, своевидна мешавина од најдобрите карактеристики на грчкото и италијанското…

1-unikatnata-ubavina-na-gradot-zakintos-kafepauza.mk

Приказната на Закинтос се дели на два дела – пред и по катастрофалниот земјотрес во 1953 година и големиот пожар непосредно по земјотресот. Пред несреќата, архитектурата во градот целосно ги следела венецијанските правила за градба, со многу сводови, наизменична поставеност на палатите и домовите на „обичните граѓани“, голем број камени цркви и плоштади. По земјотресот, за жал, останале само 3 автентични згради и иако се направени напори сѐ да се изгради повторно во истиот стил, голем дел од ликот на овој прекрасен град засекогаш бил променет.

Но, прошетката низ Закинтос секако ќе биде едно автентично и неповторливо искуство. Не пропуштајте да ги посетите урнатините од стариот венецијански замок, локалните продавници, одличните таверни или пак да седнете во некое од бројните кафулиња поредени по рабовите од неповторливите плоштади во овој магичен град.

Уживајте во галеријата со карактеристиките на градот и убавините на целиот остров.

Летувајте со Игуана Турс

iguana-logo

Погледнете ја понудата за Закинтос

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар