Уникатна чаша за вино која совршено одговара на вашето лице
Како што знаат сите љубители, искуството што доаѓа со пиење вино е повеќе од само негово вкусување, туку исто така големо значење има и неговиот мирис. Благодарение на Wine Glass Mask, нов вид чаша со форма која совршено се вклопува на вашето лице додека пиете, сега можете да си дозволите многу поинакви искуства со дегустацијата на вино.
Оваа извонредна чаша ви овозможува да се сконцентрирате на мирисот на овошјето, зачините и билките, додека без пречки го контролирате протокот на воздух. Како што дишете внатре, ќе забележите засилен мирис, притоа без да пропуштите ниту едно искуство. Нормалните чаши за вино обично се кружни, па не ви овозможуваат целосно уживање во она што го пиете.
Не треба да се чувствувате смешно додека пиете вино од ваква чаша, важно е да успеете да ги искусите сите убавини што виното ви ги нуди!