Улични кучиња се појавиле на погребот на жената што се грижела за нив
Еден од најубавите примери за свеста на животните е случајот со Маргарита Суарез од Мексико. Оваа жена починала во 2015-та година, но во текот на нејзиниот живот добила репутација како негувателка на локалните улични кучиња. Маргарита секогаш носела храна со неа за да ги храни животните што ги среќава.
На денот на нејзиниот погреб, се појавила цела глутница улични кучиња кои сакале да ѝ покажат почит. Кучињата дури формирале и поворка зад возилото со ковчегот и го следеле до погребалниот дом. Ќерката на Маргарита, Патриција, изјавила дека животните останале за време на целата служба.
„Останаа со мајка ми цел ден, останаа и во текот на ноќта, а утрото сите кучиња беа заминати освен едно. Но еден час пред да ја кремираме мајка ми, кучињата се вратија и застанаа околу неа како да се збогуваат. Се колнам дека беше убаво, неверојатно“, изјавила Патриција.
„Мајка ми секогаш беше добра со сите животни и луѓе. Секогаш ги хранеше кучињата на нејзиниот блок и 20-те улични мачки што живееја таму.“
Многу луѓе го оправдуваат малтретирањето на животните со изговор дека тие немаат свест, или дека имаат пониско ниво на свесност од луѓето. Но, секој кој има поминато доволно време со животни, знае дека тие се свесни битија.
Всушност, свесноста на животните е поддржана и од науката. Многу истражувања покажале дека дури и лебарките имаат уникатни карактери. Според истражување спроведено во Брисел, Белгија, лебарките се однесуваат многу поразлично една од друга, дури и кога се во исто опкружување, благодарение на нивните различни карактери.
Прочитајте ги и овие вистински приказни за херојските подвизи на најхрабрите кучиња во светот.