Училиште ги заменило казните со медитација и резултатите се неверојатни

Училиште ги заменило казните со медитација и резултатите се неверојатни

Замислете си дека предавате во училиште и имате ученик кој постојано се однесува лошо. Кое е вашето решение?

Училиште ги заменило казните со медитација и резултатите се неверојатни

Повеќето училишта ќе го казнат ученикот или ќе го суспендираат на неколку денови. Никој не ни помислува дека можеби ученикот кој се справува со фрустрација, стрес и гнев би требало да медитира. Самата идеја не звучи толку добро.

Но и казните не звучат добро. Иако можеби целта на казните е да ги натераат учениците да размислат што направиле, ова не секогаш функционира. Многу од казнетите ученици само стануваат побунтовни и погневни откако ќе ги казнат.

Но едно основно училиште во Балтимор, Мериленд ги заменило казните со медитација, а резултатите биле подобри од очекуваното. Уште откога ги терале учениците да медитираат, ниту еден ученик не бил суспендиран. Покрај тоа, ова уникатно правило можеби им помага на децата да бидат поуспешни.

Учениците повеќе не ги испраќаат кај директорот или психологот на разговор, туку ги праќаат во „соба за смиреност“. Оваа соба е дизајнирана да нуди мирна и удобна атмосфера. Насекаде има светилки, смирувачки дезени по ѕидовите и перничиња на кои седат учениците. Секој што се однесува лошо го праќаат во собата каде што вежба техники за дишење и медитација со кои се смирува. Учениците се приземјуваат со овие техники, а некои дури се охрабруваат да дискутираат за нивното искуство во собата, како и постапките што ги донеле таму.

Интересно е што медитацијата и другите техники за смирување се користат во другите култури со милениуми. Неодамна дури и научната заедница почна да се восхитува на концептот и многумина почнаа да ги истражуваат придобивките од медитацијата. Овие истражувања покажале навистина интересни резултати.

Едно истражување работело со војници кои ги учеле на медитација. Се открило дека кога медитирале редовно, тие биле посмирени и подобро се справувале со нивните емоции. Дури им се подобриле и сеќавањата. Друго истражување докажало дека медитацијата го зголемувала времето на концентрација и генерално го подобрувала фокусот.

Додека истражувањата на луѓето треба да се гледаат со малку скептицизам, најчесто од медитацијата има многу придобивки, дури и во полето на психотерапијата.

Навистина е неверојатно и неочекувано толку мало дете да медитира. Дури и на годишната божиќна забава, децата од училиштето требало да медитираат пред да ги добијат подароците и никој од нив не се пожалил. Веројатно на децата им било тешко да влезат во медитативна фаза додека се возбудени за подароците, но го направиле тоа успешно.

Децата не се ограничуваат само на медитирање во училиштето. Многу родители изјавиле дека медитацијата и техниките што ги научиле од нивните деца им помогнале да се смират кога биле под стрес цел ден.

Покрај медитацијата, децата имаат часови за зачувување на планетата. Им организираат разни активности како градинарство и екскурзии до фарми. Учениците можат да држат или да земаат часови по јога.

Можеби не треба да бидеме сигурни дека промените настануваат поради медитацијата, но очигледно е дека таа има големо, позитивно влијание.

Погледнете ги и овие одлични алтернативни форми на медитација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар