Учењето со музика може да ја промени структурата на вашиот мозок

Учењето со музика може да ја промени структурата на вашиот мозок

Слушањето музика додека се обидувате да научите некоја физичка задача може да ви помогне во развивањето на важен дел од мозокот. Ова е резултат на едно истражување направено на Универзитетот во Единбург.

uchenjeto-so-muzika-mozhe-da-napravi-promena-vo-vashiot-mozok-kafepauza.mk

Во истражувањето учествувале 30 деснаци на возраст од 18 до 30 години. Тие биле поделени во две групи и требало да научат да извршат некоја задача со нивната лева рака. Едната група учела со музика, а другата без музика.

Двете групи напредувале со исто темпо во следните 4 недели. Користејќи магнетна резонанса, истражувачите откриле дека групата која учела со музика имала значителна промена во структурата на нивниот мозок. Промената настана во делот кој е одговорен за белата мозочна материја, која ги поврзува деловите за слушање и за моторни способности, во десната страна на мозокот. Кај групата која работела без музика, немало никаква промена.

„Истражувањата покажуваат дека музиката прави голема разлика. Ние знаеме дека музиката ги охрабрува луѓето да мрдаат. Ова истражување ни го даде првиот експериментален доказ дека додавањето музика во рутината за учење нова моторна вештина може да предизвика промена во белата маса на мозокот“, изјавила авторката на оваа студија, д-р Кејти Овери

Таа исто така кажала дека музиката ја сочинувала чиста мелодија со постојано темпо. Таа била синхронизирана со мрдањето на прстите на испитаниците. Иако учествувале малку луѓе, бидејќи магнетната резонанса е скапа, истражувањето е навистина интересно. Белата материја е онаа која им овозможува на мозочните клетки да комуницираат меѓу себе.

Ова истражување е важно бидејќи ни покажува како видот на учење може да влијае на мозокот.

„Ова е едно од првите истражувања кои го покажуваат ова за толку краток период (4 недели) и резултатот поттикна многу интересни прашања за идните истражувања.“

Погледнете и кои песни ќе ви го олеснат учењето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар