Ученици даваат креативни одговори на едноставни прашања од нивните наставници
Децата се забавни, итри и креативни, а наставниците по дифолт се здодевни. Кога ќе ги напуштиме школските клупи, мислењето значително ни се менува, но додека седиме во нив, она што е здодевно и тешко за нас, може да биде многу забавно за наставниците од другата страна. Следниве дијалози се примери од праксата кои го потврдуваат тоа.
Наставничката: Марија, дојди до картата и покажи ја Северна Америка.
Марија: Еве ја.
Наставничката: Точно. Ученици, ајде сега кажете ми кој ја откри Америка.
Учениците: Марија.
Наставничката: Вини, наведи едно важно нешто што не постоело пред 10 години.
Вини: Јас!
Наставничката: Глен, зошто секогаш толку многу се валкаш?
Глен: Па наставничке, јас сум многу поблиску до земјата од вас.
Наставничката: Џорџ Вашингтон не само што го исекол црешовото дрво на неговиот татко, туку и ја признал вината. Луи, зошто мислиш дека татко му не го казнил?
Луи: Бидејќи Џорџ сè уште ја имал секирата во рака.
Наставничката: Сајмон, кажи ни искрено, дали кажуваш молитва пред јадење?
Сајмон: Не, не морам. Мајка ми е добра готвачка.
Наставникот: Клајд, твојот состав на темата „Моето куче“ е потполно ист со оној на брат ти. Дали го препиша?
Клајд: Не наставнику, тоа е истото куче.
Наставничката: Харолд, како се нарекува човек кој не престанува да зборува дури и кога другите повеќе не се заинтересирани да го слушаат?
Харолд: Наставник.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.