Претходно
Туширајте се! 18 Ситуации кога туширањето е бесценето
Секој од нас се нашол во повеќето од овие ситуации кои ни покажуваат дека туширањето е бесценет луксуз чија важност е често потценувана. Еве 18 такви ситуации кога токму туширањето е она кое очајно ни е потребно:
1. Во студените денови кога повторно сакате да си ги чувствувате прстите.
2. По тешкиот ден, кога сакате да се исплачете без никој да ве види или чуе.
3. Кога умирате од главоболка.
4. Кога сте настинати.
5. Мамурно утро. Седите долго под тушот зависно од големината на вашиот мамурлак.
6. По добар секс.
7. Во раните утрински часови, кога не можете да се освестите.
8. Кога ќе засмрдите толку многу што не можете да се трпите самите себеси.
9. Кога ќе се разбудите среде ноќ и не можете повторно да заспиете.
10. По интензивен тренинг кога ви се чини дека ако помрднете еден мускул ќе се онесвестите.
11. Пред излегување на некоја забава.
12. Кога се туширате со некого.
13. Кога се туширате со убав туш и мислите дека се наоѓате во ексклузивна бања.
14. Кога имате убав гел за туширање и целата бања мириса на него.
15. Пред да излезете на љубовен состанок.
16. Кога сакате да се ослободите од обврската постојано да го проверувате телефонот.
17. Во топли денови кога сте лепливи и испотени и сè што сакате е повторно да се чувствувате како човек.
18. Во секое време без никаква причина, бидејќи туширањето е најдобриот, но и најпотценуваниот луксуз кој можеме да си го допуштиме.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.