Туристички дестинации со богата историска култура
Се прашувате каде следно да отпатувате? Доколку не сакате да одите на патување на кое само ќе лежите на некоја позната плажа или базен, а ве интересираат културните и историските знаменитости, тогаш погледнете ги овие светски дестинации кои се богати со спомени од историската култура.
Париз, Рим, Токио, Рио де Жанеиро, Бангког, се само дел од магичните градовите со богата култура и историја кои мора да се посетат барем еднаш во животот. Во продолжение погледнете ги следниве градови кои ги одбравме за вас…
Куско, Перу
View this post on Instagram
Некогашниот главен град на царството на Инките, Куско се наоѓа на надморска височина од 3.416 метри, сместен на Андите. Потеклото на овој град не е целосно утврден, но е познато дека градот е изграден според своевиден план, како економски, административен и образовен центар, во кој се изучувале астрономијата и математиката. Населението плаќало данок, кој бил искористен за изградба на инфраструктурата, како и за засолништа за во несигурните времиња.
Александрија, Египет
View this post on Instagram
Библиотеката на Александрија е светски симбол на културата и интелектуалното достигнување на цивилизацијата, иако изгорела во пожар по освојувачкиот поход на Цезар. Александар Македонски пред да ја открие оваа земја во 331 година п.н.е. поради својата географска положба била големо и важно пристаниште. Во подоцнежните векови, ова парче земја поради географската положба, било стратешка важна точка за војните походи на Наполеон.
Атина, Грција
View this post on Instagram
Културното богатство на Атина е непроценливо. Овој град одиграл голема улога во формирањето на западната култура која веќе ни е позната, пред сè во областите на филозофијата, книжевноста и науката. Освен тоа што Атина била културен центар, била и средиште на трговијата. Познатите храмови на Зевс и Партенон, се само дел од историските споменици кои ја доловуваат монументалноста и моќта на Атина.
Прага, Чешка
View this post on Instagram
Прага е еден од најважните историски гадови во Европа. Во него живеел Кафка, а Моцарт со големо задоволство редовно го посетувал. Боемскиот дух е присутен во атмосферата на овој современ град, кој некогаш бил центар на големи еврејски заедници. Дел припаѓал на Австро-Унгарија, а во поновата историја дел припаѓал и на Советскиот Сојуз. По прогласувањето на независноста на Чешка, Прага станал град на мултикултурно население со големи комерцијални центри и ресторани.
Пекинг, Кина
View this post on Instagram
Пекинг е стар повеќе од 3000 години и е еден од 4-те антички престолнини на Кина. Низ историјата, тој бил дом на династијата Минг, а во поновата историја за време на кинеската комунистичка револуција, главниот град бил под водство на претседателот Мао Це Тунг (контроверзна историска личност). Споменици и остатоци од фасцинантната историска цивилизација во Пекинг ќе среќавате на секој чекор.
Прочитајте повеќе и за земјата на слободните! Ако отидете во оваа држава, ќе се разбудите во 2562 година!