Туѓинци: 6 знаци дека веќе не припаѓате во вашиот роден град

Туѓинци: 6 знаци дека веќе не припаѓате во вашиот роден град

Без разлика дали некое време живеете и учите/работите во друг град или само размислувате за оваа идеја, постојат неколку знаци кои можат да ви укажат дека повеќе не припаѓате во градот во кој сте израснале. Вие се чувствувате затворено, не знаете што да правите, сметате дека вашиот живот тргнал во спротивна насока од оној на вашите врсници кои пак, ве убедуваат дека вие сте оние кои се смениле многу. Па, доколку се сомневате дека е време да се преселите и да ја барате вашата среќа на друго место, погледнете ги следниве знаци кои ќе ви помогнат да сфатите како навистина се чувствувате.

Туѓинци: 6 знаци дека веќе не припаѓате во вашиот роден град

1. Чувствувате како да немате што да правите

Активностите кои еднаш сте ги сметале за интересни, го изгубиле својот жар или пак, ви делуваат како да сте ги надраснале. Вие не сфаќате како сите околу вас пораснале, но сè уште јадат во истите ресторани или пак, излегуваат на истите места. Зарем на никој друг освен вас не му здодеало да ги прави истите работи 20-тина години по ред? Можеби вашата екстремна досада ќе ве натера да станете креативни. Вие никогаш не сте читале многу, но книгите имаат потенцијал да ви го привлечат вниманието. Којзнае, можеби дури и ќе почнете да плетете. Но, и покрај сè, нема да можете да го игнорирате недостатокот на забава во вашиот град.

2. Повеќе не си одговарате со вашите пријатели од средно училиште

Сте забележале како сите сè уште зборуваат за истата стара драма? Искрено, вие воопшто не се грижите кој од вашата генерација стапил во брак или раскинал по долга врска, но сепак вашите пријатели не зборуваат за ништо друго. Вие постојано ги гледате истите статуси и твитови кои се шират меѓу вашите пријатели, но овие информации воопшто не допираат до вас. Без разлика дали навистина Даниела го изневерила Роберт, вие ни најмалку не сте заинтересирани да ги продолжите озборувањата. Доколку не е ваш живот, не е ни ваш проблем.

3. Изгледа дека ви се случуваат многу повеќе нешта отколку на луѓето околу вас

Кога ќе се видите со пријателите и ќе почнете да им објаснувате што ви се случило во последно време, понекогаш се чувствувате како да се фалите пред нив. Ова исто така може да придонесе за претходната точка и уште повеќе да се разделите од вашите најблиски. Од друга страна почнувате да чувствувате и вина, па затоа и не знаете како да се однесувате покрај нив. Многу нешта се смениле за вас и вие едноставно сте продолжиле понатаму. За разлика од другите, кои ви делува како да стојат во место. Токму затоа и тие можеби ќе ве нарекуваат зборлести, што само дополнително ќе ве оддалечи од нив.

4. Не сте заинтересирани да ги посетувате вашите стари места исполнети со многу спомени

Потсетувањето на минатото ви изгледа бесцелно бидејќи не гледате на својата младост како на „најубавите денови од вашиот живот“. Вие сте фокусирани на тоа што го правите сега и воопшто немате време ни да погледнете кон назад. Зошто да одите во стариот парк кога можете да посетите некое ново место? Целата носталгија која вашите пријатели ја доживуваат во однос на средното училиште за вас е несфатлива. Зарем ништо друго не им се случило во нивниот живот што би можело да ги надмине овие чудни тинејџерски години? Или пак, тие едноставно не се подготвени да продолжат натаму со својот живот?

5. Вашиот град ви делува како да е исполнет со луѓе кои се или помлади или постари од вас

Кога се шетате низ вашиот роден град, вие забележувате дека сите околу вас се премногу млади или премногу стари. Тоа ве тера да се запрашате каде исчезнале другите личности од вашата генерација, бидејќи вие едноставно не можете да ги најдете. Токму затоа и почнувате да имате чудни мисли, додека ги гледате младите како трчаат наоколу и се запрашувате дали и вие сте биле толку здодевни кога сте биле помлади. Потоа го насочувате своето внимание кон оние кои живееле во вашиот град повеќе од 50-тина години и се прашувате дали и вие ќе станете како нив. Изгледа никој не е на истото место каде што сте вие и тоа ве тера на сериозно размислување.

6. Луѓето ви велат дека им делувате различно

Можеби еден од најголемите симптоми дека повеќе не припаѓате во вашиот роден град е доколку тоа директно ви го кажуваат вашите најблиски. Тие забележуваат колку сте се промениле и како сте продолжиле со вашиот живот, а вие се согласувате со нив. Можеби на почетокот ова ви делувало навредливо, но многу брзо сте сфатиле дека тие се во право. Нема ништо лошо при селењето и наоѓањето место надвор од градот каде што сте пораснале. На крајот од краиштата, постои причина зошто ви доаѓа желба да го напуштите ова место…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Nikol Reply

    Точно, од збор до збор. Се пронајдов.

Остави коментар