Тролтунга – необична карпа во Норвешка која нуди спектакуларен поглед
Тролтунга е огромно парче карпа која се протега на висина од 0,8 километри од земјата. За да стигнете до неа ќе ви бидат потребни од 8 до 10 часа, но погледот од таму е спектакуларен. Во околината можат да се видат некои од најубавите пејзажи во Норвешка. „Trolltunga“ во превод значи „јазикот на тролот“, а ова име го добила по бизарната и необична форма. Се верува дека оваа карпа се формирала за време на ледената доба, пред околу 10.000 години, кога голем дел од планината била замрзната и токму поради тоа дел од неа се скршил. Погледнете колку е неверојатно ова место…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.