Трогателно и прекрасно писмо до жената која му го спасила животот
Ова писмо нè потсетува дека е доволна само една случајна средба за целосно да го промени нашиот живот. Станува збор за писмо од човек кој живее во Бостон и кое е наменето за една жена која тој ја запознал пред 43 години. Таа без да знае, му го спасила животот и токму затоа решил да го сподели своето искуство со светот, со надеж дека ќе ја пронајде. Тие се познавале само саат време и никогаш повеќе не ја сретнал, но го знаел нејзиното име и не престанал да се надева дека ќе ја пронајде.
Измачен од ужасите кои ги направил за време на војната во Виетнам, недела дена откако бил чесно отпуштен од војската, за време на дочекот на новата 1973 година, овој млад човек одлучил да си го одземе својот живот. Но, една случајна средба целосно му го променила неговиот живот. 43 години подоцна, тој решил да го објави ова писмо на Креглист со надеж дека конечно ќе ја пронајде жената која му го спасила животот.