Тробријански острови

Тробријански острови

Автор: Даниела Раденлиева

Тробријанските острови се опишувани како место со прекрасни пејзажи и население со неверојатна култура, различна, но сепак воодушевувачка.

Тробријански островиТробријански островиТробријански острови

Тробријанските острови, денес официјално познати како островите Кирвина, се всушност корален архипелаг кој се простира на 450 километри квадратни и се наоѓаат покрај источниот брег на Нова Гвинеа.

Населението е главно составено од домородци кои се најчесто населени на главниот остров Киривина (па оттука и целата група е позната според нивното име) и нивната бројка изнесува приближно 12.000. Други попознати острови се Вакута, Китава и Каилеуна.

Домородното население добива најголемо внимание од јавноста. Тоа живее на својот традиционален начин, има развиено посебен систем за сметање на времето и е предмет на истражување на многу социјални антрополози.

Тробријански островиТробријански островиТробријански острови

Еден пример за разликата помеѓу нашата и нивата култура е начинот на јадење. Тие ручаат сами и што побрзо за во случај некој да ги набљудува. Јадејќи сами, Тробријанците својата порција храна директно му ја посветуваат само на своето срце, а стравот да не бидат набљудувани ги тера времето посветено на храната да биде минимално. Сепак, дозволено е да јадат бетелови ореви, што е причина забите често да им бидат обоени црвено.

Тробријански острови

Друго карактеристично за нивната култура е почнувањето со еротски игри уште на седум или осум години и имитирањето на возрасните во нивното однесување за заведување. Веќе по пет, шест години почнуваат да си бараат партнери и многу често ги менуваат, а жените се исто толку наметливи и доминантни во потрагата по љубовник како и мажите. Ова однесување не само што е прифатливо, туку и охрабрувачко.

Тробријански островиТробријански островиТробријански островиТробријански островиТробријански острови


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар