Тркалото на животот: Тест од 1 минута кој кажува сè за вас
Тркалото на животот е најкраткиот тест на личноста кој го користат многу психолози и животни тренери, а претставува генијална алатка која дава визуелен приказ за тоа како ви оди во 8-те најважни аспекти од животот.
Тестот трае околу 1 минута, а визуелно ќе ви покаже колку лесно се движи тркалото на вашиот живот, односно колку сте избалансирани, кои се вашите силни страни, а на што треба повеќе да поработите во животот.
Животот на секој човек се состои од 8 најважни сегменти: љубов (во романтична смисла), кариера (позиција, креативен и интелектуален напредок), личен развој (психолошки развој, емоции, духовност), здравје, односи (со пријателите, семејството), хоби, забава и релаксација, животен стил (домување, благосостојба, квалитет на животот и околината), пари.
Сите знаеме колку е важно да се одржува рамнотежа меѓу сите аспекти во животот, а во спротивно може да дојде до акумулирање на стрес, потиснување и негативни емоции, што со тек на време може да доведе до проблеми во односите, депресија и болести.
Како се прави овој тест?
- Земете лист хартија и прецртајте (или испечатете) ја сликата.
- Оценете го своето задоволство од секој сегмент од животот за изминатиот период (месец, 6 месеци, година…) на скала од 1 до 10.
- Потоа спојте ги точките (оценките) со линија по тркалото на животот и погледнете го обликот што се го добиле.
Дали добивте правилен круг, квадрат или некој друг неправилен облик?
На овој начин ќе го добиете вашето лично тркало на животот, а со негова помош ќе сфатите на што треба да обрнете повеќе внимание во животот. Секако, сите треба да тежнееме да добиеме што поправилен и поголем круг.
Не се разочарувајте ако на вашиот круг нема ниедна 10-ка или ако не сте добиле голем правилен круг. Тоа е почеток на вашиот подобар живот.
Психолозите уверуваат дека со редовна себеанализа на ова тркало, односно со подигнувањето на свеста за квалитетот на сите 8 аспекти од вашиот живот, можете да постигнете напредок и вашето тркало на животот да стане покружно, поголемо и да се движи баш како подмачкано.
Правете ја оваа вежба секој месец за редовно да го бележите вашиот напредок.