Тринаесетте училишни предмети од различни земји кои би сакале да ги имаат и вашите деца - Part 2

Тринаесетте училишни предмети од различни земји кои би сакале да ги имаат и вашите деца

7. Безбедно користење Интернет (Израел)

Тринаесетте училишни предмети од различни земји кои би сакале да ги имаат и вашите деца

Ако на возрасните им е тешко да се оттргнат од социјалните мрежи, тогаш тоа им е уште потешко на децата. Младите објавуваат бројни видеа и фотографии на Интернет и имаат свои Јутјуб канали. Родителите и лекарите се загрижени за создавањето зависност кај младите од Интернетот. Токму заради тоа, во Израел е воведен час за безбедно користење Интернет. Наставниците ги учат децата за правилата на однесување при користење Интернет, како и тоа како да реагираат и одговорат кога ќе добијат негативен коментар. Учат и како да не бидат „хакирани“, како да не „закачат“ компјутерски вируси и како да ги заштитат своите лични податоци.

8. Вештачка интелигенција (Кина)

Тринаесетте училишни предмети од различни земји кои би сакале да ги имаат и вашите деца

Предметот Вештачка интелигенција е воведен во основното и средното образование во Кина. Сè уште е нов предмет, бидејќи се вовел годинава. На овие часови децата не учат само за вештачката интелигенција, туку учат и како да ја користат. За да покажат што научиле, децата креираат роботи.

9. Јога (Велика Британија, САД, Австралија)

Тринаесетте училишни предмети од различни земји кои би сакале да ги имаат и вашите деца

Дали по работното време посетувате часови по јога? Е, па учениците од некои земји имаат среќа да практикуваат јога на часовите. Овие часови се воведени во основното и средното образование во Британија, САД и Австралија. Часовите се изведуваат двапати неделно и траат по 40 минути. За да знаат како да ја практикуваат и да ги учат децата за вештините на јогата, наставниците поминуваат 6-неделна подготовка. Тие согледуваат како функционира нервниот систем кај децата и им помагаат на тие што имаат потешкотии при медитацијата. Помалите деца медитираат по неколку минути, а повозрасните вежбаат трпеливо однесување. На тој начин учат како да бидат стрпливи и како да решаваат проблеми на мирен начин.

10. Сурфање (Австралија, Нов Зеланд, Хаваи)

Тринаесетте училишни предмети од различни земји кои би сакале да ги имаат и вашите деца

Австралија е опкружена со океани и луѓето сурфаат во текот на целата година. Токму поради тоа тие од најмали нозе учат да сурфаат на задолжителни училишни часови. На почетокот учат како да стојат на штицата и како да одржуваат рамнотежа. Овој спорт е добар за оформување на детското тело, а преку него учат и како да живеат во хармонија со природата. Но, овој час не им е наменет на сите деца. Привилегија да го изучуваат имаат децата што живеат покрај океан. Другите деца имаат часови по пливање.

Ваква настава се изведува и во Нов Зеланд и Хаваи.

11. Восхит кон природата (Јапонија)

Тринаесетте училишни предмети од различни земји кои би сакале да ги имаат и вашите деца

Во Јапонија се смета дека не треба само да учиме за природата, туку треба и да ѝ се восхитуваме и тоа е вистинскиот став кој сите треба да го имаме.

Наместо досадни часови во училница, децата одат на екскурзии. Тие посетуваат убави места и се восхитуваат на убавите растенија, птици и животни. Учителите ги учат децата да ја сакаат природата околу нив.

12. Наука за животот (Турција)

Тринаесетте училишни предмети од различни земји кои би сакале да ги имаат и вашите деца

Во првите три години од образованието во Турција, има четири главни предмети и тоа се: Турски јазик, Математика, странски јазик и Наука за животот. На овие часови тие учат за светот околу нив, како да се грижат за своето здравје и за природата, учат и да ги почитуваат сите без исклучоци и ги следат настаните во својата земја и во светот. Учат и за доброто однесување и за манирите.

13. Морал (Виетнам)

Тринаесетте училишни предмети од различни земји кои би сакале да ги имаат и вашите деца

Во Виетнам образованието е сè уште луксуз. Но, децата уште на 6 години учат што е добро, а што лошо. Тие имаат задолжителен предмет наречен Морал и во негови рамки наставниците не само што укажуваат кога нешто е добро или лошо туку и објаснуваат зошто е тоа така и кои се последиците од нечие однесување.

Можеби сакате да прочитате и за 9-те воспитни методи со кои децата растат во успешни личности.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар