Три прекрасни верзии на „Veyron Grand Sport“ од Бугати

Три прекрасни верзии на „Veyron Grand Sport“ од Бугати

Луѓето кои можат да се пофалат дека во својата гаража поседуваат „Bugatti Veyron Grand Sport“ се навистина големи среќници. Тоа е така од проста причина што компанијата дозволува купувачите максимално да си го персонализираат возилото, па така секое од нив е уникатно на свој начин. За да ја промовира оваа поволност на големото авто шоу во Дубаи, компанијата „Бугати“ претстави 3 прекрасни можни концепти од овој модел. Сите три верзии се направени со цел на клиентите да им се прикажат можностите на компанијата и да им се излезе во пресрет на нивните побарувања и желби.Три прекрасни верзии на „Veyron Grand Sport“ од БугатиТри прекрасни верзии на „Veyron Grand Sport“ од БугатиТри прекрасни верзии на „Veyron Grand Sport“ од БугатиПрвата верзија е можеби најинтересната, благодарение на жолтата шасија со црни елементи изработени од карбонски влакна. Истите бои се искористени и во внатрешноста, бидејќи тие биле омилените на основачот Еторе Бугати. Ентериерот е изработен од кожа и од карбонски влакна. Цената на автомобилот изнесува 1,53 милиони евра (2,15 милиони американски долари).Три прекрасни верзии на „Veyron Grand Sport“ од БугатиТри прекрасни верзии на „Veyron Grand Sport“ од БугатиТри прекрасни верзии на „Veyron Grand Sport“ од БугатиВтората верзија е направена од сини карбонски влакна и алуминиум. Ентериерот е изработен од кожа во портокалова и индиго боја, како и со елементи изработени од темно сини карбонски влакна. Цената на овој модел изнесува 1,74 милиони евра (2,37 милиони американски долари).Три прекрасни верзии на „Veyron Grand Sport“ од БугатиТри прекрасни верзии на „Veyron Grand Sport“ од БугатиТри прекрасни верзии на „Veyron Grand Sport“ од БугатиТретата верзија е изработена од зелени карбонски влакна и полиран алуминиум. Истите бои се употребени за изработка на ентериерот. Цената на овој модел изнесува 1,74 милиони евра.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар