Треба да донесете важна одлука? Правилното време да го сторите тоа е…
Со денови размислувате, правите листи со „за“ и „против“ но никако не можете да ја донесете оваа важна одлука. Толку се двоумите во вашите одговори, што дури почнувате и да се убедувате дека не дошло вистинското време кога треба да одлучите, само колку да си дадете себеси изговор дека нема потреба од брзање. Можеби ќе ви звучи неверно, но науката докажала дека сепак има правилно време кога треба да седнете и конечно да одлучите!
Без разлика дали сте ранобудници или ноќни птици, аргентинските научници откриле дека постои вистинско (и погрешно) време за носење важни одлуки. Проучувајќи ги стоте најдобри онлајн шахисти, од кои секој од нив одиграл најмалку 2.000 партии, истражувачите ја следеле нивната точност при проценување и донесување одлуки. Шахистите биле категоризирани според полот, временската зона и фактот дали спаѓаат во утринските или ноќните типови на личности.
Почетната хипотеза била дека утринските типови најдобри резултати покажувале наутро, додека пак ноќните – навечер. Но резултатите покажале дека тоа нема никаква поврзаност со квалитетот на носење одлуки. Наместо тоа, најголемо влијание на одлуката има самото време кога таа е донесена, односно најдобри одлуки се носеле рано наутро.
Без разлика дали сте ранобудници или ноќни птици, мажи или жени или временската зона во која живеете, најдобрата доба во денот за носење одлуки е токму утрото. Некаде околу пладне разумното размислување почнува да се намалува, а до вечерта почнуваат да се носат брзи и ризични одлуки што не секогаш водат кон постивни резултати. Па, ако треба да донесете навистина важна одлука, која го бара целото ваше внимание, оставете ја за утрото!
Не за џабе се вели дека утрото е попаметно од вечерта!
Прочитајте и за овие 7 лесни начини за донесување тешки одлуки…