Тотална трансформација: Претворете ја купената роденденска торта во ваше ремек-дело
Торта бр. 4: Смајли
Начин на трансформација: Започнете со жолто филувана торта. Отстранете ги сите декорации со помош на шпатула или нож и измазнете ги сите несовршености. Користете црн декоративен гел или пак обојте го филот со црна прехранбена боја и нацртајте смајли врз нејзината површина.
Торта бр. 5: Растопен корнет со сладолед
Начин на трансформација: Започнете со бела или пастелно филувана торта. Извадете ги декорациите од површината на тортата, но можете да ја оставите декорацијата во долниот дел, доколку ви се допаѓа. Растопете чоколадо на пареа. Потоа, ставете го на површината на тортата, но бидете внимателни да не истече премногу по страните. Потоа, „капнете“ неколку капки чоколада на страните од тортата со помош на мала лажица или шпатула. На крај, ставете неколку шарени трошки, цреша и голем корнет на површината.
Торта бр. 6: Шарена торта
Начин на трансформација: Започнете со каква било филувана торта. Извадете ги сите декорации од неа и измазнете го филот со шпатула или нож. Ставете ја тортата на подлога за торти и искористете ги вашите раце за да ставете шарени трошки околу страните. Подлогата ќе ги „фати“ сите екстра шарени трошки, па ќе можете повторно да ги искористите. Откако ќе завршите со страните, истурете ги шарените трошки на површината и покријте ја целата.
Со помош на овие 6 интересни идеи секогаш ќе имате оригинални, креативни и интересни роденденски торти, а ќе заштедите време и пари за нивното приготвување.