Топ 5 жени кои најмногу заработуваат во музичката кариера
Форбс официјално ги прогласи жените во музиката кои најмногу заработиле во 2016 година и резултатот може целосно да ве изненади. Мерено во периодот од јуни 2015 до јуни 2016 година, овие големи достигнувања се благодарение на светските турнеи, рекламните договори и, особено за Адел, продажбата на албуми. Во основа, овие дами знаат како да се пробијат, но и талентирани се, при што го заслужуваат она што го заработуваат. Погледнете кои се 5-те најплатени жени во музиката.
5. Бијонсе, 54 милиони долари
Како што истакнува Форбс, наредната година може да се очекува Бијонсе да биде многу повисоко на листата, благодарение на песната Lemonade, како и на нејзината светска турнеја.
4. Ријана, 75 милиони долари
Една позиција повисоко од Бијонсе се наоѓа Ријана, со заработка од 75 милиони долари.
3. Мадона, 76.5 милиони долари
За мала разлика, Мадона се искачува повисоко од Ријана оваа година.
2. Адел, 80.5 милиони долари
На втората позиција оваа година се наоѓа Адел – со над 80 милиони долари.
1. Тејлор Свифт, 170 милиони долари
Високо пред своите колешки од музичката кариера се искачува Тејлор Свифт, со неверојатна заработка од 170 милиони долари.