Топ 5 предлози за овој викенд: Супер забава во која ќе уживате сами!

Топ 5 предлози за овој викенд: Супер забава во која ќе уживате сами!

Викендот е пред вас, а вие сè уште немате никакви планови? Вашите пријателки се зафатени со работа, вашето момче е заминато на пат, а вашата сестра е ангажирана на училишниот проект на кој треба потполно да се сконцентрира. И покрај ова, вие сакате да излезете, да се релаксирате, а пред сè добро да се забавувате. Па затоа, „напишете“ сценарио за вистински викенд со уживања и секако не заборавајте: Вие ја играте главната улога.

Топ 5 предлози за овој викенд: Супер забава во која ќе уживате сами!

1. Време е за десерт!

Овој петок заборавете на калориите, диетите, костимот за капење… И разгалете го чувството за вкус. Свртете се кон царството на чоколадите и вкусните кремови. Па затоа, посетете ја најдобрата слаткарница во вашиот град, храбро нарачајте го најголемото парче и уживајте. Ова е ден кој е посветен на вас и на вашето царство на слатки.

2-top-5-predlozi-za-ovoj-vikend-super-zabava-vo-koja-kje-uzhivate-sami-www.kafepauza.mk_

2. Негувајте се!

Знаеме дека тоа го правите секојдневно, но денес дозволете си некој поразличен третман од вообичаениот. После туширањето нанесете лосион за тело од истата колекција од која е вашиот омилен парфем.

3-top-5-predlozi-za-ovoj-vikend-super-zabava-vo-koja-kje-uzhivate-sami-www.kafepauza.mk_

3. Правец во кино!

Признајте, кога последен пат сте биле во кино и тоа сами? Многу одамна, зар не? Време е нешто да направите за да го промените тоа. Одберете некоја романтична комедија или пак нешто од вашиот омилен жанр. Дозволете им на чувствата да ве понесат.

4-top-5-predlozi-za-ovoj-vikend-super-zabava-vo-koja-kje-uzhivate-sami-www.kafepauza.mk_

4. Наспијте се!

Има ли нешто поубаво од „природно“ будење во недела? Ќе се сложите дека часовникот и алармот кој секојдневно ве потсетуваат дека е време за на работа делуваат фрустрирачки. Затоа исклучете ги сите уреди кои имаат аларм и спијте колку што ви пријае. Никаде не брзате.

5-top-5-predlozi-za-ovoj-vikend-super-zabava-vo-koja-kje-uzhivate-sami-www.kafepauza.mk_

5. „Нурнете“ во светот на книгите!

Неделното попладне е идеално време за да прочитате некоја топла, емотивна, остроумна, а воедно и духовите книга. А, доколку се запрашувате дали постои книга со сите овие карактеристики, тогаш ве предизвикуваме да „нурнете“ во светот на книгите и да ја пронајдете вистинската.

6-top-5-predlozi-za-ovoj-vikend-super-zabava-vo-koja-kje-uzhivate-sami-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар