Топ 10 најубави птици во светот
Секој од нас ќе ги препознае овие птици. Можеби не сме ги виделе во живо, но сме ги сретнале на многу документарни емисии. Повеќето птици, со исклучок на тркачите, имаат способност за летање. Нивните карактеристики се многу слични со оние на влекачите, од кои всушност потекнуваат. Тие продуцираат јајца исто како и влекачите, но главната разлика кај нив се пердувите. Не само што им овозможуваат да летаат туку тие се и многу добар изолатор за зачувување на нивната константа внатрешна температура, многу подобар за разлика од влакната кај цицачите. Стекнувањето на способноста за летање и хомеотермијата довеле до значајни промени во физиологијата на птиците и развиток на нивниот сензорен систем многу повеќе од другите групи животни. Сето тоа им дава можност да бидат господари на небото, да се колонизираат во јата и да населуваат многу еколошки средини.
1.Кралски пингвин
Кралскиот пингвин е највисокиот и најтешкиот од сите пингвини и е ендемски вид кој живее на Антарктикот. И машките и женските видови се слични во големината и бојата на перјата. Високи се 120 см и тежат 22-45 килограми. Грбот и главата им се обоени црно, стомачето им е бело со остра жолта линија, а ушите им се бледо-жолтеникави. Како и сите пингвини, кралскиот пингвин не може да лета, па затоа е прилагоден кон морски начин на живот.
2. Африкански крунисан жерав
Сивиот крунисан африкански жерав е птица од фамилијата Gruidae. Ги населува сувите савани во Африка, јужно од Сахара, а се гнезди во повлажни предели. Оваа птица е висока 106 см и тежи околу 3,5 кг. Бојата на телото е сива, крилјата се бели, но се среќаваат и златни и кафени. Овој вид може многу брзо да се приспособи на живот меѓу луѓето.
3. Тупик
Атлантскиот тупик е морски тип птица од фамилијата на норки. Тој се храни нурнувајќи се во водата и така ловејќи ги рибите и другите морски видови како ракови и лигњи кои пливаат под нејзината површина. Неговата највпечатлива карактеристика е светлата обоеност на клунот во текот на сезоната за парење. Поради неговата интересна појава и љубопитност, оваа птица е наречена уште и океански кловн или морски папагал.
4. Какаду
Семејството Какаду сочинува 21 вид од редот папагали, распространети во Индонезија, Австралија, Филипини и Папуа Нова Гвинеја. Птиците од ова семејство растат 30-70 см во зависност од видот. Тие се егзотични птици кои се вгнездуваат на високите дрвја и несат 3-5 јајца.
5. Американска ветрушка
Оваа птица е мал сокол кој ја населува територијата на Северна Америка. Често го мешаат со јастребот, но тие се далечни роднини. Живее во различни средини, тревни, пустински и планински. Голема е 19-21 см и има распон на крилјата 50-60 см.
6. Црвен Макао
Овој вид е најголем во родот Ara кој ги населува централните и северните предели на Јужна Америка. Висок е 125 см. Оваа мала птица има многу моќен клун кој може да генерира притисок до 13,8 мегапаскали, па поради оваа карактеристика без никаков проблем ги крши и најтврдите семки.
7. Пита Гурнеи
Овој вид птица го населува Малајскиот Полуостров, Тајланд, а посебно Бурма. Обоеноста на телото е темна со светл0сини линии. Името го добила по нејзиниот пронаоѓач Џон Хенри Гурнеј.
8. Лорита
Лорита се мали до средни арбореални папагали кои имаат карактеристичен врв на јазикот во форма на четка која им помага во исхраната со нектар и меки плодови. Тие се широко распространети во австралиско-азискиот регион, вклучувајќи ги Полинезија, Папуа Нова Гвинеја, Австралија и др. Како и повеќето папагали од нивната група, тие имаат светли перја.
9. Ред: папагали
Овој ред вклучува 342 вида птици групирани во 2 фамилии: какаду и обични папагали. Папагалите се егзотични птици кои ги населуваат најчесто тропските предели на Земјата. Тие првиот партнер за парење го задржуваат до крајот на животот. Кога ќе се испилат малите пилиња и двајцата родители се грижат за него. Од сите видови птици, папагалите се најприспособени како домашни миленичиња.
10. Црвен Змеј
Ова е средно-голема птица од групата птици-грабливки, која исто така вклучува јастреби и орли. Овој вид во моментов е ендемски за Палеоарктичкиот регион и Западна Африка. Порано ја населувал и територијата на Иран. Тој е редок вид кој бара поблаги услови на живот кој ги наоѓа во Западна Африка и Европа, но за време на зимскиот период мигрира во Средоземноморскиот регион.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
мајк мајк мајк