Топ 10 најбрзо растечки индустрии во 2016 година
Инвеститорите и потрошувачите сакаат да знаат што се случува во светот на индустријата, за да може да донесуваат порационални одлуки. Но, доколку вие сте поединец и не сте навлегле во подетални истражувања на оваа тема, денес ви прикажуваме листа од десетте најбрзо растечки индустрии во 2016 година. Имено, овие индустрии имаат најголем потенцијал да доживеат успех оваа година, па и во блиска иднина, затоа што нудат големи можности за инвестирање. Еве за кои области станува збор…
1. Ветерна енергија
Во последните дваесет години се направени огромни чекори за искористување на моќта на ветрот. Напредокот се согледува во неопходноста за да се заштити планетата. Енергијата од ветрот е евтино производство. Помеѓу 2014 и 2015 година оваа индустрија се зголемила за 22%, а предвидувањата за нејзино проширување се уште поголеми за во иднина.
2. Соларна енергија
Слично како и ветерната, соларната енергија бележи зголемување на ефикасноста и намалување на цените во последните неколку години. Имено, се работи на воведување на погодности за компаниите и за сопствениците на куќи да вградуваат сончеви колектори и да ја искористат сончевата енергија. Иако сѐ уште ова не е доволно распространето, се очекува оваа индустрија постојано да расте во наредните години.
3. 3Д печатење
Новата 3Д технологија за печатење има потенцијал да влијае на целиот свет. Доколку не сте запознаени, 3Д принтерите можат да создадат тридимензионални објекти. Покрај другото, во иднина се очекува медицинската наука да има голема корист од 3Д печатењето.
4. Легализирање на марихуаната
Легалната продажба на марихуана е брзо растечка индустрија во светот. Покрај тоа што во некои држави се продава како растение, исто така се продаваат и најразлични концентрати, масла, па дури и козметички производи со цел да се прошири на пазарот. Продажбата на марихуана се очекува да надмина 20 милијарди долари од денес до 2020 година, ако пазарот остане како што е. Доколку во меѓувреме и други држави ја легализираат, индустријата може да добие уште поголем успех.
5. Видео игри
Со текот на годините, програмерите на видео игрите настојуваат да стигнат до нови пазари, создавајќи игри и за возрасни и за жени. Новата технологија овозможува постојано создавање нешто ново, при што развојот на видео игрите бележи огромен успех од година во година.
6. Вештачка интелигенција
Со надеж дека вештачката интелигенција еден ден ќе може да ги решава сложените проблеми на човештвото, милијарди долари секоја година се трошат за финансирање и истражување на вештачката интелигенција. Главните играчи на пазарот се ИТ компаниите како Гугл и Епл, коишто веќе се лидери во оваа област. Експертите очекуваат дека глобалната побарувачка на „паметни“ машини ќе се зголемува за 20% секоја година, барем до 2020.
7. Одржливи градежни материјали
Во пресрет на меѓународната рецесија, многу земји почнуваат со создавање на иницијатива за зајакнување на градежните работи. Постојат голем број места коишто треба да бидат обновени, па слично како и обновливите извори на енергија, се настојува да се најдат еколошки градежни материјали. Оваа индустрија во голема мера зависи од побарувачката на потрошувачите, а може да има поголема перспектива доколку се променат владините регулативи и се пристапи кон поголем маркетинг.
8. Виртуелно откривање измами
Трендот за користење компјутери во деловното работење и чувањето важни податоци постојано се зголемува. Според ова, многу компании во одделни земји посегнуваат и по заштита од сајбер криминалци. Се проценува дека бизнисите и поединците ќе бараат заштита од сајбер измама во блиска иднина, но во следните 5 години оваа индустрија се очекува да расте повеќе од 12% на годишно ниво.
9. Дронови
Дроновите не се нови, но потенцијалот за нивната примена во различни индустрии, вклучувајќи ги и земјоделството, војската и слично, веќе го привлекува вниманието на инвеститорите. Со проектираниот годишен раст од речиси 17% на годишно ниво до 2022 година, многу е мала веројатноста да опадне растот на оваа индустрија.
10. Силикон
Во врска со побарувачката на соларни панели, силиконите исто така бележат бавен, но сигурен раст на пазарот. Силиконот се бара за да се направи електроника и градежни материјали, а како што видовме и тие се на листата на брзо растечки индустрии. Токму поради оваа причина, експертите очекуваат зголемена побарувачка на силиконот во наредните неколку години.