Тој што спие, не е буден: Урнебесни цитати од легендарниот стрип „Алан Форд“

Тој што спие, не е буден: Урнебесни цитати од легендарниот стрип „Алан Форд“

„Алан Форд“ е италијански комичен стрип направен од страна на сценаристот Лучиано Секи под псевдонимот Макс Банкер и илустраторот Роберто Равиола, познат како Магнус. Дејството се одвива во Њујорк и доколку го обожавате овој стрип, сигурно ќе се насмевнете на легендарните цитати од Број 1, Алан Форд, Боб Рок, Сер Оливер, Грунф, Џереми и останатите ликови…

Тој што спие, не е буден: Урнебесни цитати од легендарниот стрип „Алан Форд“

„Подобро да живеете 100 години како милионери, отколку 7 дена во беда.“

„Не е важно да се учествува, важно е да се победи.“

„Ако планирате да победите, не смеете да изгубите.“

„Тој што спие, не е буден.“

„Вооружете се и бегајте.“

„Подобро нешто од некого, отколку ништо од никого.“

„Ако сакате да победите во трката, мора прво да ја поминете целта.“

„Никогаш не се предавајте, освен кога морате.“

„Алан, бегаме! Тие се двајца, а ние сме сами!“

„Проклетство! Ѕидов е мазен како мазен ѕид.“

„Ние ништо не ветуваме и токму тоа го исполнуваме.“

„Овде почива оној кого веќе го нема.“ (Епитаф)

„Овде јас лежам, а ти стоиш. Подобро би било ти да лежиш, а јас да стојам.“ (Епитаф)

„Најмногу ќе ме погоди мојата сопствена смрт!“

„Подобро е да се биде богат, отколку да не се биде.“

„Долу за нив, да живеам јас!“ (Графит на ѕид)

Тој што спие, не е буден: Урнебесни цитати од легендарниот стрип „Алан Форд“

„Купете ѝ цвеќе на саканата жена, но не заборавајте да ѝ купите и на сопствената.“

„Познат сицилијански адвокат тврди дека сето тоа е плод на полициската фантазија.“

„Не ѝ верувајте на жената која лаже.“

„Тој што оди, не трча.“

„Кој лета, вреди. Кој вреди, лета. Кој не лета, не вреди.“

„Подобро да се издаде книга отколку пријател.“

„Можеби по националност е Холанѓанец, но предците сигурно му биле Французи.“

„Сѐ ќе дадам за татковината, па дури и ноктот.“

„Влезот е слободен, излезот се наплаќа.“ (Натпис на кино)

„Поделете си ја кутрата старица без нога која нема пари ни чевли да си купи.“

„Подобро тактичко повлекување отколку крвав пораз.“

„Подобро е да се пие вода отколку нафта.“

„Тој што лежи, не бега.“

„Подобро е плашливо да се побегне отколку јуначки да се изгине.“

„Подобро е да се испадне будала отколку да се испадне од воз.“

„Влез за слепи: 50 центи. За глуви: 50 центи. За слепи и глуви: 1 долар!“ (Натпис на кино)

„Тој што ќе ја изгуби добивката, ќе ја добие загубата.“

Прочитајте ги и следниве урнебесно смешни цитати.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар